Одржување
91
Climate 2000 – 6721852026 (2024/05)
5 Одржување
ВНИМАНИЕ
Опасност поради струен удар или подвижни делови
▶ Исклучувајте го напојувањето пред секое одржување.
▶Чекорите на одржување што не се наведени овде треба да ги
извршува само овластен техничар.
5.1 Замена на батериите
Потребни ви се 2 батерии со големина AAA. Не се препорачува
употреба на батерии што може да се полнат.
▶ Отстранете го капачето за преградата за батерии ( Слика 3).
▶Поставете нови батерии и внимавајте на точниот поларитет.
▶Повторно вратете го капачето за преградата за батериите.
5.2 Чистење на уредот и далечинскиот управувач
HAПOMEHA
Уредот може да се оштети поради непрописно чистење!
▶Не прскајте директно со вода или не потопувајте го во вода.
▶Не користете жешка вода, абразивен прашок или јаки средства
за разредување.
▶По чистењето, избришете ја внатрешната единица и
далечинскиот управувач со мека крпа.
▶Надворешната единица треба да ја чисти само сертифициран
специјалист.
5.3 Чистење на филтерот за воздух
HAПOMEHA
Филтерот за воздух може да се изобличи ако се остави на директна
сончева светлина.
▶Не поставувајте го филтерот за воздух на директна сончева
светлина.
Чистете го филтерот за воздух на секои 2 недели, како и пред или по
подолго време на неработење.
▶Исклучете ја внатрешната единица.
▶Кренете го капакот на внатрешната единица.
▶ Притиснете го и извадете го филтерот за воздух нагоре (
Слика 4).
▶Извадете го малиот филтер за воздух, ако има таков ( Слика 1,
[2]).
▶ Исчистете го ма
лио
т филтер за воздух со мала рачна
правосмукалка.
▶ Исчистете го големиот филтер за воздух со топла вода и умерено
средство за чистење и оставете го да се исуши во сенка.
▶ Вратете ги малиот и големиот филтер за воздух.
5.4 Подолго време на неработење
Ако треба уредот да биде надвор од употреба подолго време:
▶ Исчистете го филтерот за воздух.
▶ Активирајте го самостојното чистење на внатрешната единица со
копчето Clean.
▶По самостојното чистење, оставете вентилаторот да работи
додека внатрешната единица не се исуши.
▶Исклучете ја внатрешната единица од струја.
▶ Отстранете ги батериите од далечинскиот управувач.
▶ Заштитете го уредо
т
од прашина.
5.5 Режим на рачна работа
HAПOMEHA
Оштетување на уредот поради неправилно работење
Режимот на рачна работа на уредот не е наменета за постојана
употреба.
▶Таа се применува само во случај на тестирање или во итен случај.
▶Се употребува само кратко време.
▶Исклучете ја внатрешната единица.
▶Кренете го капакот на внатрешната единица.
▶ Притиснете го копчето за рачен режим на ладење со помош на
тенок предмет:
– Притиснете еднаш: се присилува автоматска работа.
– Притиснете двапати: се присилува ладење.
– Притиснете трипати: внатрешната единица се исклучува.
▶За да го вратите уредот во но
рмален
режим на работа,
употребете го далечинскиот управувач.
6 Заштита на животната средина и исфрлање во
отпад
Заштитата на животната средина е корпоративен принцип на
групацијата Bosch.
Квалитетот на производите, економичноста и заштитата на
животната средина се од еднаква важност за нас. Строго се
придржуваме до законите и прописите за заштитата на животната
средина.
За да ја заштитиме животната средина, ги користиме најдобрата
можна технологија и материјали, земајќи ги предвид ек
ономските
аспекти.
Па
кување
Кога се работи за пакувањето и амбалажата, вклучени сме во
националните системи за рециклирање со цел да се загарантира
оптимално рециклирање.
Сите употребени материјали за пакувањето се поволни во однос на
животната средина и може да се рециклираат.
Стар уред
Старите уреди содржат вредни материјали коишто може да се
пренаменат.
Лесн
о се расклопуваат компонентите. Пластиката е означена. Така
можете да ги сортирате и рециклирате или исфрлите различните
компоненти.
Електрични и електронски стари уреди
Овој симбол значи дека производот не смее да се
исфрла во отпад со обичниот отпад од домаќинството,
туку мора да се однесе во соодветен центар за
рециклаж
а
каде што ќе се истретира, рециклира и
исфрли.
Симболот важи за земјите со прописи за електронски отпаден
материјал, на пример, европската регулатива 2012/19/EG за
електронски и електрични стари уреди. Такв ит е прописи ги
дефинираат општите услови што се однесуваат на враќањето и
рециклирањето на електронските стари уреди што се на сила во
поед
инечните земји.
Со оглед дека електронските уреди содржат опасни супстанци, мора
да се рециклираат за да се минимизираат можните ризици по
животната околина и човековото здравје. Освен тоа,
рециклирањето на електронските отпадни материјали помага да се
зачуваат производните ресурси.
За повеќе информации околу еколошкиот начин на исфрлање на
електрични и електронски
стари уреди, обратете се кај локалните