EasyManua.ls Logo

Bosch Climate 5000i Series - Поврзување На Разладните Линии Со Внатрешната И Надворешната Единица; Поврзување На Цевките; Поврзување Одвод За Кондензација На Внатрешната Единица; Проверка За Протекувања И Полнење На Системот

Bosch Climate 5000i Series
268 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Монтажа
Climate 5000i – 6721824787 (2021/09)
146
3.4 Поврзување на цевките
3.4.1 Поврзување на разладните линии со внатрешната и
надворешната единица
ВНИМАНИЕ
Истекување на разладно средство поради неправилно
поврзување
Ако фитинзите се постават неправилно, може да истече разладното
средство. Механичките приклучоци и компресисики фитинзи за
повеќекратна употреба не се дозволени во внатрешен простор.
Само еднаш затегнете ги компресиските фитинзи.
▶Откако ќе ги одвртите компресиските фитинзи, повторно
затегнете ги.
Бакарните цевки се достапни во метри или инчи, но навојот на
компресиските навртки е секогаш ист. Компресиските фитинзи на
внатрешната и надворешната единица се изработени за инчи.
При употреба на метрички бакарни цевки, компресиските
навртки треба да се заменат со други што имаат одговарачки
дијаметар ( Табела 7).
▶Одредување на дијаметар и должина на цевка
( Страница 144).
Исечете ја цевката со секач за цевки ( Слика 11).
Измазнете го крајот на цевката и исчистете го од деланки.
▶Поставете ја навртката на цевката.
Проширете ја цевката со соодветен алат за да одговара на
димензиите од Табела 7.
Навртката мора да може лесно да се поставува на работ, но не и
да испаѓа од него.
Поврзете ја цевката и затегнете ја спојката со вртежната сила
дадена во Табела 7.
Повторете го чекорот горе за втората цевка.
HAПOMEHA
Намалена ефикасност поради размена на топлина меѓу
разладните линии
▶Изолирајте ги топлински разладните линии одделно една од друга.
▶Поставете ја изолацијата на цевките и фиксирајте ја.
Таб. 7 Спецификации за фитинзите за цевки
3.4.2 Поврзување одвод за кондензација на внатрешната
единица
Садот за кондензат на внатрешната единица е опремен со два
приклучока. Фабрички се монтирани црево за кондензација и
чепови, коишто можете да ги смените ( Слика 12).
Поставете го цревото за кондензација така што ќе има пад за
слевање на кондензатот.
3.4.3 Проверка за протекувања и полнење на системот
Проверка за протекувања
Следете ги националните и локалните регулативи за проверката за
протекувања.
Отстранете ги капачињата од трите вентили
( Слика 18, [1], [2] и [3]).
Поврзете Шрадер-отворач [6] и уред за мерење притисок [4]
на Шрадер-вентилот [1].
Завртете го Шрадер-отворачот и отворете го Шрадер-
вентилот [1].
Оставете ги вентилите [2] и [3] затворени и наполнете го
системот со азот додека притисокот 10 % не го надмине
максималниот работен притисок ( Страница 151).
Проверете по 10 минути дали притисокот е променет.
Испуштете го азотот додека не се достигне максималниот
работен притисок.
Проверете дали притисокот е променет по 1 час.
Испуштете го азотот.
Полнење на системот
HAПOMEHA
Дефектна функција поради погрешно разладно средство
Надворешната единица е наполнета со разладно средство R32
фабрички.
▶Кога ќе мора да дополните разладно средство, наполнете го
уредот само со истото средство. Не мешајте различни типови на
разладно средство.
Празнете го системот со вакуумска пумпа ( Слика 18, [5])
додека не достигне околу −1 bar (или околу. 500 Micron).
Отворете го горниот вентил [3] (од страната на течноста).
Проверете со уред за мерење притисок [4] дали има слободен
проток.
Отворете го долниот вентил[2] (од страната на гасот).
Разладното средство е распоредено низ системот.
▶На крајот, проверете го притисокот.
Одвртете го Шрадер-отворачот [6] и затворете го Шрадер-
вентилот [1].
Отстранете ги вакуумската пумпа, уредот за мерење притисок и
Шрадер-отворачот.
Поставете ги капачињата на вентилите.
Вратете го капакот за спојките за цевки на надворешната единица.
Надворешен дијаметар
на цевка Ø [mm]
Вртежна сила [Nm] Дијаметар на
компресискиот отвор (A)
[mm]
Компресиски крај на
цевка
Однапред монтирана
навојна компресиска
навртка
6,35 (1/4") 18-20 8,4-8,7 3/8"
9,53 (3/8") 32-39 13,2-13,5 3/8"
R0.4~0.8
A
45°± 2
90°± 4

Table of Contents

Related product manuals