EasyManua.ls Logo

Bosch Climate 5000i Series - Електричен Приклучок; Општи Напомени; Поврзување На Внатрешната Единица; Поврзување На Надворешната Единица

Bosch Climate 5000i Series
268 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Монтажа
147
Climate 5000i – 6721824787 (2021/09)
3.5 Електричен приклучок
3.5.1 Општи напомени
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност по животот поради струен удар!
Допирањето на електричните делови додека се под напон може да
предизвика струен удар.
Пред да работите на електричните делови: отповрзете ги сите
полови на напојувањето (осигурувачи/LS-прекинувач)
и осигурете ги од повторно вклучување.
На електричниот систем смее да работи само лиценциран
електричар.
▶Внимавајте на мерките за заштита согласно националните и
меѓународните прописи.
Ако во мрежното напојување има одреден безбедносен ризик,
или пак се случи краток спој при инсталирањето, информирајте
го операторот во писмена форма и не инсталирајте го уредот
додека не го отстраните проблемот.
Поврзете ги сите електрични приклучоци согласно шемата за
електриката.
▶Отстранувајте ја изолацијата од каблите само со специјална алатка.
Не поврзувајте други уреди на истиот штекер на којшто е поврзан
уредот.
▶Внимавајте да не помешате кој е фазен, а кој е неутрален
спроводник. Инаку може да предизвикате дефект на функциите.
Ако сте постојано приклучени за струјната мрежа, поставете
заштита од преголем напон и прекинувач на колото дизајниран за
1,5-кратно поголема потрошувачка од максималната
потрошувачка на уредот.
За уреди со фиксен приклучок во струја каде што струјата што
протекува може да е појака од 10 mA, препорачуваме да
поставите заштитен прекинувач за диференцијална струја (RCD)
со измерена диференцијална струја на активирање не повисока
од 30 mA.
3.5.2 Поврзување на внатрешната единица
Внатрешната единица се поврзува со надворешната единица преку
5-жичан комуникациски кабел од типот H07RN-F. Проводниот
пречник на комуникацискиот кабел треба да биде најмалку 1,5 mm
2
.
HAПOMEHA
Материјални штети поради погрешно поврзана внатрешна
единица
Внатрешната единица се снабдува со струја преку надворешната
единица.
▶Поврзувајте ја внатрешната единица само на надворешната.
За поврзување на комуникацискиот кабел:
Кренете го горниот капак ( Слика 19).
Отстранете ги завртките и отстранете го капакот од контролниот
панел.
Отстранете ги завртките и отстранете го капакот [1] за
приклучните клеми ( Слика 20).
Отворете го влезот за кабелот [3] на задната страна на
внатрешната единица и протнете го кабелот.
▶Осигурајте го кабелот со стегите [2] и поврзете ги клемите W,
1(L), 2(N), S и .
▶Внимавајте како се назначени жиците во однос на клемите за
поврзување.
Вратете ги капаците.
Спроведете го кабелот до надворешната единица.
3.5.3 Поврзување на надворешната единица
Со надворешната единица се поврзува кабел за струја (3-жичан), а
за внатрешната единица комуникациски кабел (5-жичан). Користете
кабли од типот H07RN-F со доволен спроводен пречник и осигурете
го приклучокот со осигурувач ( Табела 8).
Таб. 8
Отстранете ги завртките и капакот за електричните приклучоци
( Слика 21).
Осигурете го комуникацискиот кабел со стегите и поврзете го со
клемите W, 1(L), 2(N), S и (назначете ги жиците на приклучните
клеми како кај внатрешната единица) (
Слика
22
).
▶Осигурајте го кабелот со стегите и приклучете го за клемите L,
N и .
Вратете го капакот.
Надворешна
единица
Мрежен
осигурувач
Спроводен пречник
Кабел за
струја
Комуникациски
кабел
CL5000i 26 E 13 A 1,5 mm
2
≥1,5mm
2
CL5000i 35 E 13 A 1,5 mm
2
≥1,5mm
2

Table of Contents

Related product manuals