EasyManua.ls Logo

Samsung WW9*K7 Series - Page 614

Samsung WW9*K7 Series
960 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
38 Македонски
Oперации
Oперации
ЗАБЕЛЕШКА
• За да ги откажете или за да излезете од мрежните нагодувања, притиснете и задржете на Smart Control
во траење од 3 секунди за да се вратите на претходниот екран или рестартирајте ја машината за перење.
• За да овозможите далечинска контрола, вклучете ја функцијата Smart Control на машината за перење.
• Ако ја вклучите апликацијата без претходно да се најавите, ќе се прикаже екранот на функцијата Упатства
за сметката. Штом се најавите, можете да ги промените поставувањата за вашата сметка во Settings
(Поставки) > Account (Сметка).
• Корисниците на паметни телефони од Samsung можат автоматски да се најавуваат во апликацијата откако
ќе ја регистрираат нивната сметка во Settings (Поставки).
Поврзување преку Wi-Fi
Кога машината за перење ќе почне да работи, таа автоматски се поврзува на Wi-Fi мрежата. За рачна контрола
на Wi-Fi врската, притиснете ги и задржете ги копчињата Temp. (Температура) и Smart Control 3 секунди за
да ја вклучите или исклучите Wi-Fi врската.
• Модели со LED екран: Бројот 1 посочува дека Wi-Fi врската е вклучена, а 0 посочува на прекината врска.
• Модели со LCD екран: Иконата за Wi-Fi се вклучува или исклучува со притиснување на копчињата.
Користење на апликацијата Samsung Smart Home
Поважни функции
• Вградена контрола на паметни уреди од Samsung
Регистрирајте ги вашите паметни уреди од Samsung во услугата Samsung Smart Home и добијте
едноставен пристап до нив. Изберете ја иконата за машината за перење во апликацијата за да пристапите
до основните функции на машината за перење кога сте излезени од домот.
• Следете го изборот на циклуси
Следете го изборот на циклуси, преостанатото време и предупредувањата за завршување на циклусот.
• Аларм за AddWash
Алармот за AddWash ве потсетува кога треба да додадете алишта или омекнувач за време на циклусот на
перење.
- За да го користите овој аларм, мора да го допрете и да го активирате во апликацијата.
• Аларм за преостанати алишта
Ако во барабанот на машината останат алишта по завршување на циклусот, може да добиете известување
за преостанатите алишта. Вклучете го овој аларм и наведете го интервалот на алармот. Алармот ќе биде
активен во период од 12 часа. Ако ја отворите вратата, алармот ќе се прекине и машината ќе се исклучи.
ЗАБЕЛЕШКА
- За да го користите овој аларм, мора да го допрете и да го активирате во апликацијата.
- Барабанот може да ротира повремено за да спречи заплеткување или набори на алиштата, а со тоа
се троши дополнителна енергија.
• Копчиња за разговори
Комуникација помеѓу паметните уреди за да ги добиете потребните информации за контролирање на
уредот.
WW80K7415OW_DC68-03671J_MK.indd 38 2016/2/5 16:29:30

Table of Contents

Related product manuals