Македонски 49
Решавање на проблемите
Решавање на проблемите
Контролни точки
Ако наидете на проблем со машината за перење, прво проверете во долунаведената табела и обидете се со
предлозите.
Проблем Активност
Не започнува да работи.
• Проверете дали e машината за перење е приклучена на струја.
• Проверете дали вратата е добро затворена.
• Проверете дали славините за вода се отворени.
• Проверете дали е притиснато копчето Активирање/Пауза за машината за
перење алишта да почне да работи.
• Уверете се дека функцијата Child Lock (Безбедносен механизам) не е
активирана.
• Пред машината за перење да започне да се полни, ќе направи низа звуци
на кликнување за да се потврди дека вратата е заклучена и водата брзо се
испушта.
• Проверете го осигурувачот или ресетирајте го прекинувачот на коло.
Доводот на вода е
недоволен или нема
довод на вода.
• Целосно отворете ја славината за вода.
• Проверете дали вратата е добро затворена.
• Проверете дали цревото за довод на вода е замрзнато.
• Проверете дали цревото за довод на вода е превиткано или затнато.
• Проверете дали има доволен притисок на вода.
По циклусот, детергентот
останува во фиоката за
детергент.
• Проверете дали машината за перење работи при доволен притисок на
вода.
• Ставете детергент во центарот на фиоката за детергент.
• Проверете дали капачето за плакнење е правилно вметнато.
• Ако користите детергент во зрно, проверете дали избирачот на детергент е
поставен нагоре.
• Извадете го капачето за плакнење и исчистете ја фиоката за детергент.
Премногу вибрира или
прави врева.
• Проверете дали машината за перење алишта е поставена на рамен, црвст
под којшто не се лизга.
Ако подот не е рамен, користете либела за да ја приспособите висината на
машината за перење алишта.
• Проверете дали транспортните чепови се отстранети.
• Проверете ја машината за перење да не допира некој друг предмет.
• Проверете дали алиштата се рамномерно распоредени.
• Моторот може да прави врева при нормално работење.
• Едноделната облека или облеката којашто е украсена со метални парчиња
може да испуштаат звуци при перењето. Ова е нормално.
• Металните предмети како што се железните пари може да предизвикаат
звуци. По перењето, отстранете ги овие предмети од барабанот или
касетата на филтерот.
WW80K7415OW_DC68-03671J_MK.indd 49 2016/2/5 16:29:32