MKD - 8 -
• Не поставувајте експлозивни и запаливи материјали во
фрижидерот. Поставете ги пијалаците со висок алкохолен
процент во одделот за ладење со добро затворени затки и во
вертикална позиција.
Инсталација и работа сo ладилникот
Пред да го користите ладилникот прв пат, внимателно погледнете ги овие работи:
• Работниот напон на ладилникот 220-240 V при 50 Hz.
• Приклучокот мора да биде достапен по поставувањето.
• Ладилникот може да има миризба кога ќе го вклучите за првпат. Ова е вообичаено
и миризбата може да изветрее кога ладилникот ќе почне да лади.
• Пред да го поврзете ладилникот, проверете дали информациите на плочката со
податоци (напон и поврзано напојување) одговараат со главното напојување за
струја. Ако се сомневате, консултирајте се со квалификуван електричар.
• Вметнете го приклучокот во штекер со соодветно заземјување. Ако штекерот нема
заземјување или приклучокот не соодветствува, ви препорачуваме да повикате
овластен електричар за помош.
• Апаратот мора да биде поврзан со правилно поставен штекер со осигурувач.
Напојувањето (AC) и напонот на работното место мора да соодветствуваат со
деталите посочени на плочката со номинални вредности на апаратот (плочката со
номиналните вредности е сместена внатре одлево на уредот).
• Не прифаќаме одговорност за штетите настанати заради употреба без заземјување.
• Ставете го ладилникот на место каде што нема да биде изложен на директна
сончева светлина.
• Ладилникот никогаш не смее да се користи на отворено или да се остава на дожд.
• Производот треба да биде оддалечен најмалку 50 cm од шпорети, рерни на гас и
грејни тела и најмалку 5 cm од електрични рерни.
• Кога го ставате ладилникот непосредно до уред за длабоко замрзнување, треба да
има барем 2 cm меѓу нив за да се спречи влага на надворешната површина.
• Не покривајте го куќиштето со тантела и не ставајте тантела врз ладилникот. Ова ќе
влијае на работата на ладилникот.
• Потребно е да има чист простор без пречки од најмалку 15 цм над
вашиот уред. Не ставајте ништо над вашиот уред.
• Не ставајте тешки предмети врз производот.
• Употребете ги прилагодливите предни ногарки за да се порамни
производот и да стои стабилно. Може да ги прилагодувате ногарките
вртејќи ги во која било насока. Ова треба да го направите пред да
ставите храна во ладилникот.
• Темелно исчистете го апаратот пред да го користите (видете Чистење и одржување).
• Пред да го користите ладилникот, избришете ги сите делови со раствор со топла
вода во којашто ќе додадете една лажичка сода бикарбона. Потоа исплакнете ги
со чиста вода и исушете ги. Вратете ги сите делови на ладилникот по чистењето.