EasyManua.ls Logo

VOX electronics KS2800G - Организирање На Храната Во Апаратот

VOX electronics KS2800G
113 pages
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
MKD - 11 -
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ХРАНАТА ВО АПАРАТОТ
Никогаш не ставајте течности во отворени садови во ладилникот за да ја намалите појавата
на влага и последователно зголемување на мразот. Мразот се собира во најстудените
делови кај испарувањето и со време ладилникот треба да се одмрзне.
Никогаш не ставајте топла храна во ладилникот. Топлата храна прво треба за се излади на
собна температура и треба да се складира при што ќе се обезбеди соодветна циркулација
на воздухот во одделот на ладилникот.
Ништо не смее да се допира до задниот ѕид бидејќи така ќе дојде до замрзнување, а
пакувањето може да се залепи за задниот ѕид. Не отворајте ја вратата на ладилникот
многу често.
Ставете ги месото и исчистената риба (завиткани во пакување или пластичен сад) што ќе
ги искористите за 1-2 дена најдолу во ладилникот (веднаш над фиоката за свежа храна)
бидејќи ова е најстудениот дел и обезбедува најдобри услови за чување.
Може да ги ставите овошјето и зеленчукот во фиоката за свежа храна без да ги спакувате.
Може да ги ставите овошјето и зеленчукот во фиоката за свежа храна.
Чувањето на зеленчукот одделно од овошјето помага на зеленчукот
чувствителен на етилен (зелен зеленчук, брокула, морков итн.) да не им влијаат
овошјата што испуштаат етилен (банани, праски, кајсии, смокви итн.).
Не треба да ставате влажен зеленчук во ладилникот.
ДЕЛ - 3.
Времето на чување на сета храна зависи од првичниот нејзин квалитет и од
непрекинатиот циклус на чување во ладилник пред да била ставена повторно во
ладилник.
За да избегнете контаминација на производите, не ставајте месни производи заедно
со зеленчук и овошје. Водата што протекува од месото може да ги контаминира
другите производи во ладилникот. Треба да ги спакувате месните производи и да
ги исчистите протекувањата врз полиците.
Не треба да ставате храна пред отворите каде што протекува воздух.
Пакуваната храна треба да се консумира пред да истече нејзиниот рок.
НАПОМЕНА: Компирите, кромидот и лукот не треба да се чуваат во ладилникот.
За нормални работни услови, ќе биде доволно температурата на вашиот фрижидер
да се постави на +4 °C.
Температурата на одделот за фрижидер треба да биде во опсег од 0-8 ° C, свежата
храна под 0 °С замрзнува и гние, додека над 8 °C концентрацијата на бактерии се
зголемува и храната се расипува.

Table of Contents

Related product manuals