MKD - 9 -
• Поставете ги двата пластични разделници (делот со црни лопатки
- кондензатор - одзади) вртејќи го за (90° како што е прикажано на
сликата) за да спречите кондензаторот да го допира ѕидот.
• Растојанието меѓу уредот и ѕидот одзади мора да биде максимум
75 mm.
Пред да го користите фрижидерот
• За да овозможите ефикасна работа, при првото користење или после
преместување, вклучете го фрижидерот во струја и оставете го
исправен 3 часа. Во спротивно, може да го оштетите компресорот.
• При првото вклучување може да се појави мирис; мирисот ќе исчезне
кога фрижидерот ќе почне да лади.
ДЕЛ - 2.
ИНФОРМАЦИИ ЗА УПОТРЕБА
Подесување на термостатот
Термостатот автоматски ја регулира
темпаратурата во внатрешноста на
фрижидерот и замрзнувачот. Во позиција од
1 до 5 го регулирате ладењето.
Важно: Не се обидувајте да го свртите
копчето на помалку од 1 затоа што
уредот ќе се изгаси.
Термостат
Капак на лампа
Подесување на термостатот
• Може да го поставите копчето меѓу минимум и средно (до 3), за краткотрајно
складирање храна во апаратот.
• Може да го поставите копчето на средно, 3 или 4, за долготрајно складирање
храна во апаратот.
• За долгорочно чување храна во фрижидер, можете да поставите максимална
позиција на копчето (4 - 5).
Ладилници немаат простор за замрзнување, но можат да се изладат до 4-6 ° C.