EasyManua.ls Logo

Philips 2000 series - Внимание; Електромагнетни полиња (EMF); Рециклирање

Philips 2000 series
439 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
370
Македонски
Внимание
-
Овој апарат е наменет само за стандардна употреба во домаќинства. Не
е наменет за употреба во опкружувања како што се кујни за персонал во
продавници, канцеларии, фарми или други работни опкружувања. Не е
наменет ниту за употреба од клиенти во хотели, мотели, угостителски
објекти кои нудат ноќевање и појадок и други видови сместување.
-
Секогаш исклучувајте го апаратот од напојувањето ако го оставате без
надзор, како и пред склопување, расклопување, складирање или
чистење.
-
Поставете го апаратот на хоризонтална, рамна и стабилна површина.
-
Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за професионални
или полупрофесионални цели или ако не се користи во согласност со
упатствата во прирачникот за корисници, гаранцијата ќе биде
поништена и Philips нема да прифати одговорност за настанатата штета.
-
Ако е потребна проверка или поправка на апаратот, секогаш носете го
во овластен сервисен центар на Philips. Не обидувајте се сами да го
поправате апаратот, во спротивно гаранцијата ќе биде поништена.
-
Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер по користењето.
-
Оставете го апаратот да се олади приближно 30 минути пред да
ракувате со него или да го чистите.
-
Внимавајте состојките подготвени во овој апарат да бидат златножолти,
а не темни или кафени.
-
Отстранете ги загорените остатоци. Не пржете свежи компири на
температура поголема од 180 °C (со цел создавањето на акриламид да
се сведе на минимум).
-
Бидете внимателни кога го чистите горниот дел од комората за готвење:
Жежок греен елемент, раб на металните делови и заштита од прскање.
-
Секогаш проверувајте дали храната е целосно испржена во апаратот
Airfryer.
-
Внимавајте кога ја истурате зготвената храна и внимавајте да не
испаднат додатоците.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се
однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња.
Рециклирање
-
Овој симбол означува дека електричните производи не смее да се
фрлаат со обичниот отпад од домаќинствата.
-
Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на
електричните производи.

Table of Contents

Other manuals for Philips 2000 series

Related product manuals