377
Македонски
Готвење со однапред поставена програма
1 Следете ги чекорите од 1 до 6 во поглавјето „Пржење со врел воздух“.
2 Притиснете го саканото копче за однапред поставена програма.
3 Започнете го процесот на готвење со притиснување на копчето за
започнување/паузирање.
Забелешка
-
За време на готвењето, ако сакате да изберете друга однапред
поставена програма, долго притиснете го копчето за
Вклучување/Исклучување за да го запрете процесот на готвење. Тогаш
уредот преминува во режим на подготвеност. Повторно притиснете го
копчето за Вклучување/Исклучување за да го вклучите уредот и за да ја
изберете саканата однапред поставена програма.
Однапред
поставени
програми
Макс. количина Температура Време на
готвење
Замрзнат помфрит 500 g 180 °C 25 мин.
Домашен
помфрит
500 g 180 °C 33 мин.
Месни котлети 2 парчиња 200 °C 20 мин.
Пилешки батаци 6 парчиња 180 °C 21 мин.
Филе од риба 3 парчиња 200 °C 23 мин.
Мафини 7 парче 160 °C 17 мин.
Појадок 3 јајца, 2 тоста 160 °C 10 мин.
Зеленчук 500 g 180 °C 20 мин.
Подготвување домашен помфрит
За да направите одличен домашен помфрит во Airfryer:
-
Изберете сорта на компир соодветна за правење помфрит, на пр. свежи,
(малку) брашнести компири.
-
Најдобро е помфритот да се пржи со врел воздух во количини до 500 g
/18 oz за рамномерен резултат. Помфритот во поголеми количини
обично е помалку крцкав од помфритот во помали порции.
1 Излупете ги компирите и исечете ги на стапчиња (дебелина од 10x10 mm
/ 0,4x0,4 in).
2 Потопете ги стапчињата од компир во сад со вода најмалку 30 минути.
3 Испразнете го садот и исушете ги стапчињата од компир со крпа за
садови или со хартиена крпа.