MKD - 16 -
Апаратот прави бучава
Нормален звук на моторот: Посочува дека компресорот работи нормално.
Кога прв пат го вклучувате апаратот, можно е компресорот да е бучен кратко
време.
Звук на клокотење и прскање: Оваа бука ја предизвикува протокот на
средството за ладење во цевките на системот.
Звук на дување воздух: Тоа е нормален звук на вентилаторот. Овој звук се
слуша заради циркулацијата на воздухот или, кога системот нормално работи
кај ладилниците со технологија против мраз.
Ако има наталожување на влажност во фрижидерот
Проверете дали
• Целата храна е соодветно спакувана. Садовите се исушени пред да ги ставите
во ладилникот.
• Вратите фрижидерот се отвораат честопати. Влагата од просторијата влегува
во фрижидерот секогаш кога се отвораат вратите. Влажноста побрзо се
зголемува ако вратите се отвораат честопати, особено ако просторијата е
многу влажна.
• Има наталожување на капки вода на задниот ѕид. Ова е нормално по
автоматското одмрзнување (кај статични модели).
Ако вратите не се отвораат или затвораат соодветно
Проверете дали
• Има храна или амбалажа што спречува затворање на вратата
• Дополнителната опрема на вратата, полиците и фиоките се поставени
правилно
• Дихтунгот на вратите е оштетен или изабен
• Фрижидерот е нивелиран.