MKD - 17 -
Препораки
• Ако го исклучите апаратот од струја, почекајте барем 5 минути пред повторно да
го вклучите или рестартирате за да не го оштетите компресорот.
• Доколку немате намера да го користите фрижидерот подолг временски период
(како на пример за време на летниот одмор), исклучете го апаратот од струја,
Исчистете го, како што е прикажано во оддел за чистење, оставајќи ја вратата
отворена за спречите создавање мувла и непријатна миризба.
• Ако проблемот продолжува откако сте ги следеле сите погоре дадени упатства,
повикајте го најблискиот овластен сервисен центар.
• Апаратот кој го набавивте е направен исклучиво за домашна употреба. Не е
наменет за комерцијална или заедничка употреба. Ако го користите ладилникот
на начин којшто не соодветствува со одликите, потенцираме дека
производителот и застапникот не се одговорни за поправките или дефектите во
периодот на гаранцијата.
Совети за зачувување ел. енергија
1. Монтирајте го апаратот во студена и добро проветрена просторија, но не и на
директна сончева светлина и подалеку од извор на топлина (грејно тело, шпорет и
сл.). Во спротивно, користете плоча за изолација.
2. Оставете затворената храна и пијалаците за да се изладат надвор од апаратот.
3. Пијалаците и зготвената храна треба да се во затворени садови кога се ставаат
внатре. Во спротивно, влагата се зголемува во апаратот. Така се продолжува и
времето за работа. Затворањето на пијалаците и зготвената храна во садови помага
да се зачуваат миризбата и вкусот.
4. Кога ставате храна и пијалаци, држете ја вратата отворена колку што е можно
пократко.
5. Затворајте ги капаците на сите комори во фрижидерот коишто имаат различна
температура (комора за свежа храна, разладување и сл.).
6. Гумата на вратите мора да биде чиста и еластична. Заменете ја гумата кога ќе се
изаби.