EasyManua.ls Logo

Philips AC3420/10 - Page 744

Philips AC3420/10
829 pages
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Македонски
744
Македонски
Важно
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред да го користите
апаратот и зачувајте го за идни потреби.
За да обезбедите најдобри перформанси, проверете дали фирмверот на
вашиот пречистувач е надграден со најновата верзија. Оваа надградба
можете да ја извршите преку апликацијата Air+.
Предупредување
-
Пред да го приклучите апаратот проверете дали напонот наведен на
апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.
-
Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го замени
компанијата Philips, односно сервисен центар овластен од Philips или
лица со соодветни квалификации за да се избегне опасност.
-
Немојте да го користите апаратот ако е оштетен адаптерот, кабелот за
напојување или самиот апарат.
-
Да се користи само со адаптерот што се испорачува со апаратот.
-
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со
ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со
недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да
добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат
можните опасности.
-
Децата не смеат да си играат со апаратот.
-
Децата не смеат да го чистат и одржуваат апаратот без надзор.
-
Немојте да го блокирате отворот за влез или излез на воздух, на пр. со
поставување предмети на отворот за излез на воздух или пред отворот
за влез на воздух.
-
Внимавајте да не паднат надворешни предмети во апаратот преку
излезот за воздух.
-
Стандарден интерфејс за Wi-Fi врз основа на 802.11b/g/n/ax со 2,4 GHz и
максимална излезна моќност од 64 mW EIRP.
-
Bluetooth верзија 5.2 (LE) со фреквенција од 2,4 GHz и излезна RF-
моќност помала од 10 mW EIRP.
-
На луѓето кои се алергични на прав, полен, домашни миленици или
мувла им препорачуваме да не ги менуваат филтрите сами или да се
заштитат со маска и ракавици.
Внимание
-
Овој апарат не го заменува соодветното проветрување, редовното
чистење со правосмукалка или користењето на кујнски аспиратор или
вентилатор при готвењето.
-
Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува, стабилна, рамна и
хоризонтална површина.
-
Оставете најмалку 20 cm слободен простор околу апаратот и најмалку 30
cm слободен простор над апаратот.
-
Немојте да седите или да стоите врз апаратот.
-
Не ставајте ништо врз апаратот.
-
Не поставувајте го апаратот директно под климатизер за да спречите
капење вода врз апаратот поради кондензацијата.

Table of Contents

Related product manuals