769
Македонски
7 Темелно измијте ги рацете откако ќе го замените филтерот.
Складирање
1 Исклучете го апаратот и извлечете го приклучокот од штекер.
2 Исчистете ги апаратот, филтерот за овлажување и површината на
филтерот за пречистување (погледнете го поглавјето „Чистење и
одржување“).
3 Почекајте сите делови потполно да се исушат на воздух пред да ги
складирате.
4 Ставете ги филтрите во херметички затворени пластични кеси.
5 Складирајте ги филтрите и апаратот на ладно и суво место.
6 Секогаш темелно мијте ги рацете по ракувањето со филтрите.
Решавање проблеми
Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите
при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со
помош на информациите наведени подолу, контактирајте со центарот за
корисничка поддршка во вашата земја.
Проблем Можно решение
Апаратот не работи правилно. Проверете дали резервоарот за вода е правилно
поставен. Ако не, поради безбедносни причини, апаратот
ќе престане да работи.
Предупредувањето за замена на филтерот е вклучено, но
не сте го замениле соодветниот филтер. Како резултат на
тоа, апаратот сега е блокиран. Во тој случај, заменете го
филтерот и ресетирајте го бројачот за траење на
филтерот.
Воздухот не се овлажува. Проверете дали резервоарот е наполнет со вода, како и
дали резервоарот за вода и филтерот за пречистување се
правилно поставени.
Напредниот систем за ладно испарување во 2-во-1
овлажувачот и пречистувачот на воздух создава здрав и
влажен воздух од излезниот отвор без видлива водена
магла. Водената пареа е невидлива за човечкото око.