770
Македонски
Кога се користи во суво опкружување, предметите во
опкружувањето, како што се ѕидовите и мебелот, ќе ја
апсорбираат влажноста што ја испушта 2-во-1
овлажувачот и пречистувачот, што може да го продолжи
времето на овлажување. За оптимално овлажување, се
препорачува да ги затворите вратите и прозорците.
Резервоарот за вода протекува. Внимавајте водата да не го надмине максималното ниво.
Проверете дали резервоарот за вода е добро поставен
по секое чистење.
Ако проблемот не се отстрани, контактирајте со центарот
за корисничка поддршка во вашата земја.
На филтерот за овлажување има бели
наслаги.
Белите наслаги се викаат бигор и содржат минерали од
водата. Бигорот на филтерот за овлажување влијае на
перформансите за овлажување, меѓутоа не е штетен за
вашето здравје. Следете ги инструкциите за чистење во
упатството за користење.
Филтерот за овлажување станува
жолтеникав по некое време.
Жолтите наслаги се природен ефект на материјалот на
филтерот и немаат влијание врз перформансите на
овлажување. Чистете го филтерот за oвлажување често
за да го отстраните бигорот и менувајте го филтерот за
овлажување на секои 6 месеци.
Протокот на воздух од отворот за излез
на воздух е значително послаб од
претходно.
Површината на филтерот за овлажување е нечиста.
Исчистете ја површината на филтерот (погледнете го
поглавјето „Чистење и одржување“).
Квалитетот на воздух не се подобрува и
покрај тоа што апаратот работи долго
време.
Проверете дали амбалажата е отстранета од филтерот за
овлажување.
Проверете дали филтерот за овлажување (FY3400) е
правилно поставен.
Просторијата е голема или квалитетот на надворешниот
воздух е слаб.
За оптимални перформанси на пречистување, затворете
ги вратите и прозорците кога работи апаратот.
Постојат внатрешни извори на загадување. На пример
пушење, готвење, темјан.
Филтрите се на крајот од работниот век. Заменете го
филтерот за овлажување со нов.