754
Македонски
3 Вратете го резервоарот за вода во апаратот.
Објаснување за бојата на светлото за квалитет на воздухот
Кога ќе го вклучите, вашиот 2-во-1 пречистувач и овлажувач на воздух ќе
започне да го скенира квалитетот на воздухот. По приближно 30секунди,
сензорот за честички ја избира бојата што соодветствува на квалитетот на
воздухот во зависност од воздушните честички.
Бојата на светлото за квалитет на воздухот се одредува според нивото на
PM2,5.
PM2,5
Технологијата AeraSense прецизно ја открива и брзо реагира на дури и на
најмалата промена на честички во воздухот. Таа ви нуди сигурност со
повратни информации за PM2,5 во реално време.
Повеќето загадувачи на воздухот во затворен простор спаѓаат во PM2,5 -
што се однесува на загадувачки честички во воздухот помали од 2,5
микрометри. Вообичаени извори на ситни честички во затворен простор се
чадот од тутун, готвењето и палењето свеќи. Некои бактерии што се
пренесуваат преку воздухот и најмалите спори на мувла, алергените од
домашни миленици и алергенските честички од грини исто така спаѓаат во
PM2,5.
Ниво на PM2,5 Боја на квалитет на воздух Ниво на квалитет на воздух
≤12 Сина Добро
13-35 Сино-виолетова Средно
36-55 Виолетово-црвена Ниско
>55 Црвена Многу ниско
Вклучување и исклучување
Забелешка:
За оптимални перформанси на пречистување и овлажување, затворете ги
вратите и прозорците.
Погрижете се завесите да бидат подалеку од влезот или излезот за воздух.