757
Македонски
Режим управуван преку апликацијата ( ): апаратот работи во режим
што е достапен само преку апликацијата, како дополнителни рачни брзини
на вентилаторот, целна влажност или други режими што се приспособени
во апликацијата.
Забелешка: режимот управуван преку апликацијата е достапен САМО преку
апликацијата откако успешно ќе се поврзете со Wi-Fi-мрежа.
Користење на функцијата за светло
Со сензорот за светлина, контролната табла може автоматски да ја
приспособи осветленоста во зависност од амбиенталната светлина.
Контролната табла ќе се затемни кога просторијата е темна. Можете да го
притиснете кое било копче за да ги активирате сите светла. Потоа, доколку
не вршите дополнителни операции, сите светла повторно ќе се затемнат
според амбиенталната светлина.
Можете да го притиснете копчето за функција на светло за да се префрлите
во режим на ламба: пријатен светлосен прстен околу контролната табла.
Приспособете ја јачината на пријатната светлина во апликацијата Air+.
Можете да го притиснете копчето за да ги исклучите сите светла и
контролната табла. Повторно притиснете го копчето за да ги активирате
сите светла.