667
Македонски
- Престанете да ја користите главата на четката со згмечени или
извиткани влакна. Менувајте ја главата на четката на секои 3 месеци
или порано ако се појават знаци на абење.
- Избегнувајте директен контакт со производи што содржат есенцијални
масла или кокосово масло. Контактот може да доведе до вадење на
влакната.
- Максималната надморска височина на употреба е 4500 метри.
МЕДИЦИНСКИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
- Престанете да го користите апаратот и советувајте се со забар/лекар
ако настане претерано крвавење по користењето, ако крвавењето
продолжи да се појавува по 1 седмица од користењето или ако
почувствувате непријатност или болка.
- Ако сте имале орална хируршка интервенција или операција на
непцата во претходните 2 месеци, советувајте се со стоматологот пред
да го користите уредов.
- Ако имате пејсмејкер или друг имплантиран уред, контактирајте со
докторот или со производителот на имплантираниот уред пред
употребата.
- Ако имате прашања од медицинска гледна точка, консултирајте се со
доктор пред да го користите уредов.
- Уредов е уред за лична нега и не е наменет за користење на повеќе
пациенти во стоматолошка ординација или институција.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА БАТЕРИЈАТА
- Овој уред содржи батерии на полнење што смеат да се отстрануваат
само од страна на обучени лица.
- Користете го производот само за неговата намена. Внимателно
прочитајте ги овие информации пред да ги користите производот и
неговите батерии и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната
употреба може да доведе до опасности и сериозни повреди.
Доставените додатоци може да се разликуваат за различни
производи.
- Користете само оригинални додатоци и потрошни средства на Philips.
- Чувајте ги производот и батериите подалеку од оган и немојте да ги
изложувате на директна сончева светлина или високи температури.
- Ако производот се загрее премногу или почне да мириса, ја промени
бојата или ако полнењето трае подолго од вообичаено, престанете со
користењето и полнењето на производот и контактирајте со Philips.
- Не ставајте ги производите и нивните батерии во микробранови печки
или на индукциски шпорети.