672
Македонски
2
Цврсто притиснете ја главата на четката врз металниот издаден дел сѐ
додека нема каде повеќе да оди.
Забелешка: нормално е да има мал простор меѓу главата на четката и
рачката.
Користење на четката за заби Philips Sonicare
Ако ја користите вашата четка за заби Sonicare по прв пат, нормално е да
чувствувате повеќе вибрации отколку кога користите неелектрична четка
за заби. Вообичаено е за тие што ја користат по прв пат да вршат
премногу притисок. Применете само нежен притисок и оставете четката
за заби да го врши четкањето наместо вас. Следете ги долунаведените
упатства за четкање за најдобро искуство.
За да ви помогне да се префрлите на новата електрична четка за заби
Sonicare, користете пониска поставка во првите 1 – 2 недели, а потоа
префрлете се на повисока поставка.
Упатства за четкање
1
Навлажнете ги влакната на четката и ставете мало количество паста за
заби.
2
Ставете ја четката за заби со влакната кон забите под мал агол (45
степени). Притискајќи цврсто за влакната да достигнат до непцата или
малку под линијата на непцата.
Забелешка: Центарот на четката мора да биде во контакт со забите
цело време.