Македонски
666
Македонски
Вовед
Добре дојдовте во семејството на Philips Sonicare! Оваа четка за заби ви
овозможува да добиете супериорно отстранување на забен камен,
побели заби и поздрави непца. Користејќи ја комбинацијата на нежна
звучна технологија на Sonicare и клинички развиени и докажани функции,
може да бидете сигурни дека го добивате најдоброто чистење, секој пат.
Дополнителна поддршка и регистрација на производот ви се достапни
на: www.philips.com/support
Важни безбедносни информации
Користете го производот само за неговата намена. Внимателно
прочитајте ги овие информации пред да ги користите производот и
неговите батерии и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната
употреба може да доведе до опасности и сериозни повреди.
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
- Користете само оригинални додатоци или потрошни средства на
Philips. Ако сте ги добиле, користете ги само оригиналните USB-кабел и
USB-единица за напојување.
- Уредот не содржи делови што корисникот може да ги сервисира. Ако
уредот се оштети, престанете да го користите и контактирајте со
Центарот за грижа на корисниците во вашата држава. Ако USB-кабелот
е оштетен, престанете да го користите.
- Чувајте ги полначите и патничката кутија за полнење подалеку од
вода.
- По чистењето, проверете дали полначите и патничките кутии за
полнење се целосно суви пред да ги поврзувате истите.
- Овој уред може да го користат деца и лица со намалени физички,
сензорни или ментални способности или со недостиг на искуство и
знаење, доколку се под надзор или добиваат инструкции за
користењето на уредот на безбеден начин и ги разбираат
потенцијалните опасности. Децата не треба да го чистат или да го
одржуваат уредот без надзор.
- Децата треба да бидат под надзор за да се осигури дека не си играат
со производот.
- Немојте да чистите ниту еден дел од производот во машината за
миење садови.
- Немојте да ги користите адаптерите и полначите надвор или во
близина на загреани површини.
- Овој уред е дизајниран само за чистење заби, непца и јазик.