671
Македонски
може да ги освежи податоците за четкање во апликацијата за да ги
обезбеди најновите сознанија и препораки.
Забелешка: Bluetooth на телефонот треба да е вклучен кога ја користите
апликацијата, така што вашата четка за заби може да ги пренесе и
ажурира податоците за четкање во апликацијата. Ако имате прашања за
тоа зошто се собираат вашите податоци за четкање, проверете ја Изјавата
за приватност на Sonicare, достапна во текот на целиот процес на
поставување на апликацијата.
Функции на апликацијата
Електричната четка за заби Sonicare е опремена со паметни сензори за да
ви дава повратни информации за вашите навики на четкање,
вклучително со:
- Дневни сесии на четкање
- Потрошено време за секоја сесија на четкање
- Применет притисок на четкање
- Персонализирани совети и интерактивни препораки
- Потсетник за замена на глава на четка (според вистинското
користење)
Апликацијата Sonicare ги собира податоците преку паметните сензори и
ги следи вашите навики на четкање со тек на време.
Започнување
Прикачување на главата на четката
1
Порамнете ја главата на четката, така што влакната ќе бидат
поставени во истата насока со предниот дел на рачката.