683
Македонски
- Електрично напојување наведено од страна на UL или
сертифицирано според 1310 класа 2 (само NAM).
Важно: Ѕидниот адаптер мота да биде безбеден извор со екстра низок
напон, компатибилен со електричните рангирања означени на
долниот дел од уредот.
3
Поставете ја рачката во кутијата за патување со полнач.
- Рачката емитува 2 кратки звучни сигнали за да се потврди дека
рачката е правилно поставена за полнење.
- Трепкачкото светло на индикаторот за батерија покажува дека
четката за заби се полни.
4
Кутијата за патување ќе ја полни вашата четка за заби сѐ додека не се
наполни целосно.
- Кога рачката целосно ќе се наполни, индикаторот за батеријата
засветува во зелена боја 30 секунди, а потоа се исклучува.
Забелешка: Полнењето на рачката со кутијата за полнење при патување
може да трае подолго отколку на полначот.
Статус на батеријата
Статус на батеријата (рачка во приклучен полнач/кутија за
патување со полнач)
Кога рачката е поставена на полначот или во кутијата за патување со
полнач, индикаторот на батеријата го прикажува нивото на батеријата.
Статус на батеријата
Број на трепкачки
LED сијалички
LED боја
Слаба 1 Трепкачко зелено
светло
Делумно полна 2 Трепкачко зелено
светло
Полна 3 Трепка зелено додека
не се наполни
целосно, а потоа
зелено 30 секунди, па
се исклучува
Статус на батеријата (кога рачката не е приклучена во
полначот/кутијата за патување со полнач)
Кога четката за заби е активна, индикаторот за батерија на долниот дел
од рачката го прикажува нивото на батеријата.