EasyManua.ls Logo

Stiga WBE Series - Page 137

Stiga WBE Series
232 pages
Go to English
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
3
MK
4. ШТО Е ПОЖЕЛНО ДА ЗНАЕТЕ
Моторот е апарат чијшто придонес, регуларноста во
функционирањето и времетраењето се условени од
многу фактори, некои од нив се надворешни а дру-
гите се тесно поврзани со квалитетот на ставените
производи и на регуларноста во одржувањето.
Во продолжение се наведени некои додатни инфор-
мации кои овозможуваат најсоодветно користење
на вашиот мотор.
4.1
АМБИЕНТАЛНИ УСЛОВИ
Функционирањето на еден внатрешнотермички мо-
тор за четири годишни времиња е условен од:
a) Температурата:
Работејќи на ниски температури можат да се
појават потешкотии за придвижување на ладно.
Работејќи на многу високи температури може
да дојде до потешкотии при придвижувањето на
топло кои се појавуваат поради испарувањето на
горивото во садот за гориво или во црпалката.
Во секој случај потребно е да одберете соодветен
тип на масло за тепмературите при користење.
b) Висина:
Максималната јачина на еден внатрешно-
термички мотор се намалува прогресивно со
зголемувањето на надморската височина.
Со значително зголемување на надморската
височина, треба да се намали оптоварувањето
на машината со избегнување на особено тешка
работа.
4.2
ГОРИВО
Добриот квалитет на горивото е основа за правилна
работа на моторот.
Горивото треба да ги исполнува следните
побарувања:
а) Користете чист и нов бензин без олово и со ми-
нимум 90 октани.
б) Не користете гориво ако има етанол повеќе од
10%.
в) Не додавајте масло.
г) Додајте стабилизатор на горивото за да го за-
штитите системот на согорување од создавање
смолест талог.
Употребата на несоодветно гориво ќе ги оштети
деловите на моторот и ќе ја поништи гаранцијата.
4.3
МАСЛО
Секогаш користете масла од добар квалитет,
одбирајќи го степенот во функција на температу-
рата на користење.
а) Користете само масло за чистење класифици-
рани SF-SG.
б) Одберете степен на растегливост SAE врз
основа на следнава табела:
од 5 до 35°C = SAE 30
од -15 до +35°C = 10W-30 (повеќестепено)
в) Употребата на повеќестепено масло може да
предизвика поголема потрошувачка во топлите
периоди и поради тоа потребно е почесто да се
врши проверка на степенот.
г) Не мешајте масла од ралични марки и со раз-
лични карактеристики.
д) Употреба на маслото SAE 30 на темпера-
тури поголеми од +5°C може да предизвика
штета на моторот поради неадекватност на
подмачкувањето.
ѓ) Не полните над степенот «MAX» (види 5.1.1); по-
голем степен може да предизвика:
а задименост на товарот;
а замастеност на свеќичката или на филте-
рот за воздух со понатамошни потешкотии во
отпочнувањето.
4.4
ФИЛТЕР ЗА ВОЗДУХ
Ефикасноста на филтерот за воздух е поставена за
да се избегне остатоци, отпадоци или нечистотии
да се вовлечат во моторот со што би се намалиле
работата и трајноста.
a) Одржувајте го филтерот чист од отпадоци и не-
чистотии и секогаш во беспрекорна состојба
(видете 6.5).
б) Ако е неопходно, заменете го филтерот со
оригинален дел; некомпатибилни делови за
филтерот може да ја попречат ефикасноста и
долготрајноста на моторот.
в) Никогаш не палете го моторот без правилно по-
ставен филтер.
4.5
СВЕЌИЧКА
Свеќичките за внатрешнотермичките мотори не се
еднакви! (види «Технички податоци»).
а) користете свеќички од наведениот тип, со соо-
дветна термичка градација.
б) Обрнете внимание на големината на жицата;
жица со поголема должина може да го оштети
моторот.
в) Проверете ја чистотата и оддалеченоста помеѓу
електродите (види 6.6).

Table of Contents

Related product manuals