7
Примери за мерки за намалување на изложеноста на вибрации се носење
на ракавици за време на користењето на уредот и ограничување на бројот
на работни часови. За таа цел сите делови на работниот циклус треба да се
земат предвид (на пример времето кога е исклучен електричниот уред и
времето кога е вклучен – но работи без оптоварување).
СИМБОЛИ И ИКОНИ
Симболи на опремата:
Внимателно прочитајте ги инструкциите за ракување.
Носете заштита за уши и очи.
Носете цврсти обувки кои не се лизгаат.
Опасност од повредување од отфрлените делови.
Набљудувачите држете ги на одредено растојание од
уредот.
Внимание – остар нож за сечење.
Стапалата и дланките држете ги на одредено
растојание. Опасност од повредување!
Внимание! Ножот на косилката продолжува да се
врти и по исклучувањето.
Исклучете го моторот и извадете го клучот за
стартување – пред прилагодувањето или чистењето
на уредот.
Индикатор на нивото на наполнетост на батеријата на
прекинувачот на горната рачка.