EasyManua.ls Logo

Villager Villy 3740 E - Page 143

Villager Villy 3740 E
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
10
Работа со опремата
Стапалата и дланките да не се ставаат во близина на ротирачките делови
или под нив во текот на работата. Постои опасност од повредување!
Вклучете го моторот како што е објаснето и само доколку Вашита стапала се на
безбедно растојание од алатите за сечење.
Уредот да не се користи на дожд, лошо време, влажно опкружување или на
влажен тревник.
Работете само на дневна светлина или таму каде што има доволно осветлување.
Доколку сте уморни или немате доволно концентрација или доколку сте
конзумирале алкохол или таблети не работете со уред. Секогаш правете
навремени паузи. Во текот на работата користете здрав разум.
Секогаш обезбедете безбеден став, а особено во текот на работата на косини.
Секогаш движете се попреку во однос на косините, а никогаш нагоре или надолу.
Особено бидете внимателни кога го менувате правецот на движење на косините.
Не работете на премногу стрмни косини.
Со уредот работете само со брзина на одење. Особено внимавајте кога го вртите
уредот, кога го влечете кон Вас или кога одите наназад.
Уредот вклучете го внимателно во согласност со овие инструкции за ракување.
Обезбедете Вашите стапала да бидат на доволно растојание од ротирачките
ножеви.
Уредот да не се искривува кога го покренувате, освен ако тоа се бара кога
работите во висока трева. Во тој случај, искосете го уредот со притискање на
рачката надолу и тоа предните тркала на уредот малку да се подигнат.
Секогаш обезбедете двете раце да бидат во работна позиција пред повторното
враќање на уредот на земја.
Никогаш не работете без корпата за собирање на трева, ниту пак без заштита од
удари. Секогаш држете се подалеку од отворот за празнење.
Не покренувајте го моторот кога сте пред каналот за празнење.
Внјимание! Oпасност! Ножот продолжува да се врти по исклучувањето.
Постои опасност од повредување.
Уредот не смее да се подига ни транспортира додека работи моторот. Исклучете
го уредот доколку уредот треба да се искоси поради транспорт, доколку треба да
помине преку нерамни површини и додека уредот се носи на теренот кој ќе се
коси или ако се трга уредот од него.

Table of Contents

Related product manuals