EasyManua.ls Logo

Bosch CL6001iU W 26 E - Монтажа; Монтажа На Уредот; Монтирање На Внатрешната Единица; Пред Монтажа

Bosch CL6001iU W 26 E
192 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Монтажа
Climate 6000i – 6721838270 (2021/08)
106
онтажа
3.1 Пред монтажа
ВНИМАНИЕ
Опасност за повреди поради остри рабови!
Носете заштитни ракавици при монтажата.
ВНИМАНИЕ
Опасност поради изгореници!
Линиите на цевките се загреваат додека уредот работи.
Осигурете се дека линиите се изладени пред да ги допирате.
Проверете дали содржината на доставата е точна.
Проверете дали има звук на шиштење од цевките на внатрешната
единица поради негативен притисок.
3.2 Услови за местото на поставување
▶Придржувајте се до минималното растојание ( Слики 2 до 3).
Внатрешна единица
▶Не монтирајте ја внатрешната единица во просторија со отворен
извор на запалување (пр. отворен пламен, гасен уред или
електрична греалка што се користи).
Местото на монтажа не смее да се наоѓа на надморска височина
поголема од 2000 m.
▶Одржувајте ги влезовите и излезите за воздух слободни и без
препреки за да може воздухот да циркулира непречено. Во
спротивно, уредот може да не работи задоволително и да се
зголеми нивото на бучава.
Држете ги телевизорот, радиото и другите вообичаени уреди
барем 1 m од уредот или неговиот далечински управувач.
Изберете ѕид за внатрешната единица којшто ги ублажува
вибрациите.
▶Имајте ја предвид минималната потребна површина на
просторијата.
Таб. 6 Минимална површина на просторијата
Ако точката на монтажа е ниска, тогаш подната површина мора да
биде доволно голема.
Надворешна единица
▶Не изложувајте ја надворешната единица на испарувања од
машинско масло, извори на врела пареа, сулфурни гасови итн.
Не монтирајте ја надворешната единица каде што е директно
изложена на вода или морски ветер.
Надворешната единица мора да биде заштитена од снег.
Издувниот воздух или бучавата од работата на уредот не смее да
ја вознемирува околината.
Воздухот мора да има добра циркулација околу надворешната
единица, но не смее уредот да биде изложен на силен ветер.
▶Кондензацијата што се создава при работата мора слободно да
истекува и да не создава проблеми по околината. Ако е потребно,
поставете црево низ кое ќе истекува. Во ладните региони, не се
препорачува поставување на истечно црево бидејќи може да
замрзне
▶Поставете ја надворешната единица на стабилна подлога.
3.3 Монтажа на уредот
HAПOMEHA
Материјални штети поради непрописна монтажа!
Непрописната монтажа може да предизвика уредот да отпадне од
ѕидот.
▶Монтирајте го уредот само на цврст и рамен ѕид. Ѕидот мора да
има капацитет да ја издржи тежината на уредот.
Употребете завртки и типли наменети само за типот на ѕид и за
тежината на уредот.
3.3.1 Монтирање на внатрешната единица
Отворете го пакетот на горната страна и извадете ја внатрешната
единица ( Слика 6).
▶Поставете ја внатрешната единица со стиропорот на неа на
нејзината предна страна ( Слика 7).
Одвртете ги завртките и монтажната плоча на задната страна на
внатрешната единица.
Одредете го местото каде што ќе биде монтирана земјаќи ги
предвид минималните растојанија ( Слика 2).
Прицврстете ја монтажната плоча на ѕидот со завртка и типла на
горната средна точка и изнивелирајте ја ( Слика 8).
Прицврстете ја монтажната плоча и со другите четири завртки и
типли за да биде припиена за ѕидот.
Издупчете отвор во ѕидот за црево (се препорачува отворот на
ѕидот да се наоѓа позади самата внатрешна единица Слика 9).
Ако е потребно, променете ја позицијата на истекување на
кондензацијата ( Слика 10).
Фитинзите за цевка на внатрешната единица во главно се наоѓаат на
нејзината задна страна. Препорачуваме да ги издолжите цевките
пред да ја прикачите внатрешната единица.
Изведете ги фитинзите за цевките како во
поглавјето 3.4.Изведете ги фитинзите за цевките како во
поглавјето.
Ако е потребно, подвиткајте ги цевките во посакуваната насока и
направете отвор на страната на внатрешната единица
( Слика 12).
Поставете ги цевките низ ѕидот и прикачете ја внатрешната
единица на монтажната плоча ( Слика 13).
Отворете го капакот и отстранете еден или двата филтерски
вметоци ( Слика 14).
Вметнете го филтерот што ви е доставен во филтерските вметоци
и вратете ги вметоците назад.
Ако треба да ја отстраните внатрешната единица од монтажната
плоча:
▶Повлечете ја долната страна на прекривката во подрачјето на
двата жлеба и повлечете ја внатрешната единица нанапред
( Слика 15).
Тип на уред Висина на монтажа
[m]
Минимална
површина на
просторијата [m
2
]
CL6001iU W 26 E
CL6001iU W 35 E
CL6001iU W 53 E
≥1,8 ≥4
CL6001iU W 70 E 1,8 6

Table of Contents

Related product manuals