Отстранување дефекти
Climate 6000i – 6721838270 (2021/08)
110
Таб. 10
5.2 Дефекти без приказ на код
Таб. 11
Код за дефект Можна причина
EC 07 Бројот на вртежи на фенот на надворешната единица е надвор од нормала
EC 51 Грешка со параметрите на надворешната единица во EEPROM
EC 52 Дефект со температурниот сензор T3 (калем на кондензаторот)
EC 53 Дефект со температурниот сензор T4 (надворешна температура)
EC 54 Дефект со температурниот сензор на TP (линија за испуштање на компресорот)
EC 56 Дефект со температурниот сензор на T2B (испуст на испарувачкиот калем; само кај мулти-сплит клима уреди)
EH 0A
EH 00
Грешка со параметрите на внатрешната единица во EEPROM
EH 0b Комуникациски дефект меѓу плочата на главното струјно коло на внатрешната единица и дисплејот
EH 02 Грешка во препознавањето на сигналот за нула премин
EH 03 Бројот на вртежи на вентилаторот на внатрешната единица е надвор од нормала
EH 60 Дефект со температурниот сензор T1 (собна температура)
EH 61 Дефект со температурниот сензор T2 (средина на испарувачкиот калем)
EL 0C
1)
1) Откривањето протекување не е возможно во системи на мулти-сплит клима уреди.
Нема доволно разладно средство или истекува, или пак има дефект со температурниот сензор T2
EL 01 Комуникациски дефект меѓу внатрешната и надворешната единица
PC 00 Дефект со IPM-модулот или IGBT-заштитата од прекумерна струја
PC 01 Заштита против прекумерен или пренизок напон
PC 02 Температурна заштита на компресорот или заштита од прегревање на IPM-модулот, или пак заштита против преголем
притисок
PC 03 Заштита од пренизок напон
PC 04 Дефект со модулот на инвертер компресорот
PC 08 Заштита од преоптоварување со струја
PC 40 Комуникациски дефект меѓу главното струјно коло на надворешната единица и главното струјно коло на погонот на
компресорот
−− Проблем со режимот на работа на внатрешната единица; режимот на работа на внатрешната единица мора да се
усогласи со тој на надворешната.
Дефект Можна причина Решение
Моќноста на внатрешната единица е можеби
преслаба.
Можеби е извалкан разменувачот на топлина
на надворешната или внатрешната единица.
▶ Исчистете го разменувачот на топлина на
надворешната или внатрешната единица.
Премалку разладно средство ▶ Проверете ги цевките за протекувања и ако
треба отстранете ги протекувањата.
▶ Дополнете разладно средство.
Не функционира надворешната или
внатрешната единица.
Нема струја ▶ Проверете го приклучокот за струја.
▶ Вклучете ја внатрешната единица.
Проверете го заштитниот прекинувач за
диференцијална струја или осигурувачот
вграден во уредот
1)
се активирал.
1) Осигурувачот за заштита од прекумерна струја се наоѓа на главното струјно коло. Спецификациите се испечатени на главното струјно коло и се наоѓаат и во
техничките податоци на страница 112. Употребувајте само керамички осигурувачи отпорни на експлозија.
▶ Проверете го приклучокот за струја.
▶ Проверете ги заштитниот прекинувач за
диференцијална струја и осигурувачот.
Надворешната или внатрешната единица
започнува и запира ненадејно.
Премалку разладно средство во системот. ▶ Проверете ги цевките за протекувања и ако
треба отстранете ги протекувањата.
▶ Дополнете разладно средство.
Премногу разладно средство во системот. Извлечете малку од разладното средство со
уред за шмукање на разладно средство.
Во разладното средство има влага или
нечистотии.
▶ Испуштете го разладното средство.
▶ Наполнете ново разладно средство.
Преголеми флуктуации во напонот. ▶ Инсталирајте регулатор на напонот.
Компресорот е дефектен. ▶ Заменете го компресорот.