3
Пред да почнете со читање, oтворете ја страницата која
содржи илустрации и запознајте се со сите функции на уредот.
ВОВЕД
Ви честитаме на купувањето на Вашиот нов уред! Избравте високо-квалитетен
производ.
Во текот на производството, прегледан е квалитетот на оваа опрема и истата е
изложена на финална инспекција. Затоа се гарантира функционалноста на Вашата
опрема.
Упатството за употреба со инструкциите за работа – претставува дел од
уредот. Тоа содржи важни информации – кои се однесуваат на безбедноста,
употребата и отстранувањето.
Пред почетокот на користењето на овој уред, запознајте се со сите работни
инструкции и со сите безбедносни инструкции. Уредот да се користи само на
начинот кој е опишан и за намените кои се наведени.
Сочувајте го ова упатство на безбедно место и ако го проследувате уредот
понатаму, предадете ги и документите со него.
НАМЕНА НА УПОТРЕБА
Oвој уред е наменет само за косење на тревници и тревни површини за домашна
употреба.
Уредот е наменет да се користи како направи сам примена. Не е наменет за тешка
комерцијална употреба.
Секоја поинаква примена која не е особено дозволена во овие инструкции – може да
доведе до оштетување на уредот и претставува сериозна опасност за корисникот.
Уредот е наменет за употреба од страна на возрасни лица. Децата и останатите лица
кои не се запознаени со овие инструкции за работа – не смеат да го користат овој
уред. Употребата на уредот на дожд или во влажни услови – е забранета.
Производителот и дистрибутерот не се одговорни за штетата предизвикана од
непрописна употреба или неправилно ракување.