4
СОДРЖИНА НА ИСПОРАКАТА
Внимателно извадете ја опремата од пакувањето и проверете дали се следните
делови комплетни:
- Безжична (акумулаторска) косилка и горна рачка
- Долна рачка
- Корпа за собирање на трева
- Рачка за корпата собирање на трева
- 2 држачи на сајлата
- 2 затегнувачки рачки со подлошки и завртки за затегнување на горната рачка
- Сет за малчирање
- 2x 18V батерии
- Полнач
- Oригинално упатство за употреба
Прописно отстранете ги материјалите од пакувањето.
OПИС НА ФУНКЦИИТЕ
Aкумулаторската (безжичнa) косилка за трева има алат за сечење, кој се врти
паралелно со нивото на сечење. Опремена е со електричен мотор со високи
перформанси, кабасто пластично куќиште, штитник од судар и собирач на трева.
Покрај тоа, опремата има 6 нивоа на прилагодување по висина – и има лесно
подвижни тркала. Поради функцијата на работните делови, погледнете го долното
упатствo.