12
Oдржување и складирање
• Почекајте моторот да се излади – пред да го складирате уредот во затворен
простор.
• За време на одржување на ножевите бидете свесни дека и ако е исклучено
напојувањето – ножевите можат да се вртат.
• Бидете сигурни дека сите навртки, завртки и машински завртки се прописно
затегнати – и дека е уредот во безбедна работна состојба.
• Не обидувајте се да го поправите уредот, освен ако не сте професионално
обучени за тоа. Сите останати работи кои не се назначени во овие работни
инструкции – смеат да се извршуваат само во овластени сервисни центри.
• Уредот да се складира на суво место недостапно за деца.
• Внимателно ракувајте со Вашиот уред. Алатите да се одржуваат во остра и чиста
состојба – за да можат да работат подобро и побезбедно. Почитувајте ги
инструкциите за одржување.
• Носете заштитни ракавици кога ја заменувате опремата за сечење.
• Редовно прегледувајте ја единицата за собирање на трева и утврдете дали
дошло до оштетување или кинење и до деформации. Заменете ги истрошените
или оштетени делови со цел одржување на безбедноста. Кога ги местите
ножевите – внимавајте да не бидат потфатени Вашите прсти помеѓу ножевите за
сечење и стационираните делови на уредот.
• Oбезбедете за замена да се користат само алатите за сечење – одобрени од
страна на производителот.
Eлектрична безбедност
• Приклучокот на полначот мора да ѝ одговара на приклучницата. Приклучокот не
смее да се модификува на ниту еден начин. Не користете никакви адаптери за
приклучоци заедно со електричните уреди кои имаат заштитни заземјување.
Немодификуваните приклучоци и соодветните приклучници ја намалуваат
опасноста од електричен удар.
• Избегнете контакт на телото со заземјените површини – како што се цевки,
радијатори, шпорети и фрижидери. Постои зголемена опасност од електричен
удар доколку е Вашето тело заземјено.
• Eлектричните уреди да не се изложуваат на дожд ниту пак на влажни услови.
Навлегувањето на водата во електричниот уред ја зголемува опасноста од
електричен удар.