13
Внимание! Почитувајте ги безбедносните информации од
инструкциите за ракување – за батеријата што се полни која се
користи во овој уред.
Склопување
• Изведувајте ги само работите за кои знаете дека сте способни да ги извршите.
• Доколку се двоумите, консултирајте се со експертите од нашиот овластен
сервисен центар.
Moнтирање на долната рачка
1. Расклопете ја долната рачка (3) нагоре.
2. Свртете ја долната затегнувачка рачка (5) во правец на стрелките на часовникот
за да је затегнете.
3. Забравете ги затегнувачките рачки (5) така што ќе ги притиснете во правец на
долната рачка (3). Затегнувачките рачки мора да бидат цврсто повлечени, а
потоа сместени до рачката – на тој начин затегнувањето може да се изведе со
средна сила. Доколку ова не успее, продолжете да ги вртите затегнувачките
рачки во правец на стрелките на часовникот за да ги разлабавите со вртење во
правец спротивно од стрелките на часовникот.
Moнтирање на горната рачка
1. Затегнете ја горната рачка (1) со доставените завртки (2b), подлошки (2a) и со
горните затегнувачки рачки (2) на левата и десната страна на долната рачка(3).
Копчето за деблокирање (16) – мора да биде сместено на десно во правец на
косењето. Возможни се две позиции.
2. Свртете ги затегнувачките рачки (2) во правец на стрелките на часовникот – за
да ги затегнете.
3. Забравете ги затегнувачките рачки (2) така што ќе ги притиснете во правец на
рачката (3). Затегнувачките рачки мора да лежат до рачката на начин –
затегнувањето да се изведе лесно со средна сила. Доколку ова не успее,
продолжете да ги вртите затегнувачките рачки во правец на стрелките на
часовникот или разлабавите ги со вртење во правец спротивно од стрелките на
часовникот (видете ја малата илустрација).