16
Ставање/вадење на батеријата за полнење
Исклучете го уредот, извадете го клучот за стартување ( 10) и почекајте
ножевите целосно – да застанат.
1. За да ја извадите батеријата (9) од уредот, притиснете го копчето за
ослободување (9a) на батеријата и извадете ја батеријата.
2. За да ја ставите батеријата (9) – турнете ја батеријата по должина на шината за
водење во уредот. Треба да слушнете клик кога ќе легне на местото.
Вклучување и исклучувањe
Aкумулаторската косилка на трева може да се користи само со Villager 18V
батерии. Никогаш не користете батерии што не се полнат.
• Батериите можат да истечат доколку со нив не се ракува на правилен начин или
не се користат на правилен начин. Не допирајте ја истечената течност од
батеријата.
• Доколку течноста за батеријата допре на Вашата кожа, веднаш исплакнете ја со
многу вода. Доколку флуидот од батеријата Ви влезе во очи, веднаш исплакнете
ги со многу свежа вода и побарајте медицинска помош.
Teчноста која истекува од батеријата – може да предизвика иритација на кожата
или изгореници.
1. Поставете ја опремата на рамна површина.
2. Подигнете го капакот ( 8) на куќиштето на уредот и ставете ги
наполнетите батерии (9) по должина на водилката во уредот. Ќе слушнете
клик кога ќе легнат на своето место.
3. Ставете го клучот за стартување (10) во соодветниот отвор покрај
батеријата за полнење (9). Клучот за стартување може да се стави само во
една позиција. Земете го предвид жлебот на водилката на отворот покрај
батеријата и на клучот за стартување (10) (видете ја малата слика ).
4. Пред вклучувањето на опремата, бидете сигурни дека не допира ниту
еден предмет.