EasyManua.ls Logo

Villager Villy 3740 E - Page 150

Villager Villy 3740 E
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
17
5. За да ја вклучите опремата, притиснете го копчето за
деблокада (16) и држете го притиснато додека ја
притискате стартната рачка (17). Отпуштете го копчето за
ослободување.
6. За да ја исклучите опремата, отпуштете ја стартната рачка (17).
Поради системот за паметно управување со енергијата, моторот стартува
со мало задоцнување.
По исклучување на опремата, ножот продолжува да се врти уште
неколку секунди. Не допирајте го ножот што се врти. Постои опасност
од повредување.
Проверување на статусот на наполнетост на батеријата
Статусот на наполнетост на батеријата ( 21) ја покажува состојбата на
наполнетост на батеријата ( 9).
Притиснете го копчето за индикатор на наполнетост ( 20). Нивото на наполнетост
на батеријата се покажува со осветлување на соодветните LED светла.
3 LED осветлени (црвено, портокалово, зелено): Батеријата е наполнета.
2 LED осветлени (црвено и портокалово): Батеријата е делумно наполнета.
1 LED осветлен (црвено): На батеријата ѝ е потребно полнење.
Работа со уредот
Почитувајте ги прописите за заштита од бучава и останатите локални
прописи.
Редовното косење ја стимулира тревата да го зголеми формирањето на листови,
додека истовремено го сузбива коровот. На тој начин тревникот станува погуст по
секој процес на косење, резултирајќи со рамномерен тревник.
Првото косење се иведува отприлика во април кога е тревата висока околу 70-80
mm. За време на сезоната на раст, тревникот се коси најмалку еднаш неделно.
Уредот поместувајте го со брзина на одење и во линии кои треба да бидат прави
колку што е тоа возможно. За најдобри резултати од косењето, линиите секогаш
треба да се преклопуваат по неколку сантиметри.

Table of Contents

Related product manuals