18
• Прилагодете ја висината косење – така да уредот не биде преоптоварен.
Доколку не го преземете тоа, може да дојде до оштетување на моторот.
• На косините секогаш работете попреку во однос на косините. Особено
внимавајте кога се движите наназад и кога го влечете уредот.
• По секоја употреба исчистете го уредот, како што е покажано во поглавјето
„Чистењe/Складирање“.
По исклучувањето на опремата, ножот продолжува да се движи
уште неколку секунди. Не допирајте го ножот што се движи. Постои
опасност од повредување.
Чистење/oдржувањe
Секоја работа која не е опишана во овие инструкции за работа –
мора да се изведе во овластена сервисна работилница. Користете
само оригинални резервни делови.
Носете ракавици кога ракувате со ножот.
Исклучете ја опремата, извадете го клучот за палење ( 10) и почекајте
ножевите целосно да застанат.
Oпшти работи на чистење и одржување
Уредот никогаш не смее да се прска со вода. Постои опасност од
електричен удар.
• Уредот секогаш одржувајте го во чиста состојба. Користете четка или крпа за
чистење, но не користете какви било средства или раствори за чистењe.
• По косењето, отстранете ги сите остатоци од растенијата кои се залепиле на
тркалата, отворите за вентилација, отворите за исфрлање и просторот околу
ножевите – со помош на парче дрво или пластика. Не користете какви било
тврди или остри предмети, затоа што тие можат да го оштетат уредот.
• Пред секоја употреба прегледајте го уредот, поради очигледните дефекти како
што се разлабавени, истрошени или оштетени делови. Бидете сигурни дека сите
навртки, машински завртки и завртки – се цврсто затегнати на своите места.
• Прегледајте ги капаците и заштитните средства и утврдете дали има на нив
оштетувања и дали се прописно наместени. Заменете ги доколку е потребно.