19
Замена на ножевите
Доколку е ножот истапен, може да се наостри во овластена сервисна работилница.
Доколку е ножот оштетен или не е избалансиран – мора да се замени.
1. Свртете го уредот наопаку.
2. Користете цврсти ракавици и фатете го ножот (22). Употребете клуч за да ја
свртите завртката на ножот (23) во правец спротивен од стрелките на
часовникот на вратилото на моторот (24).
3. Moнтирајте нов нож (22) по обратниот редослед. Бидете сигурни дека ножот (22)
е прописно поставен (видете ја илустрацијата ) и дека завртката на ножот
(23) е затегната.
Складирањe
Oтпуштете ги рачките за затегнување (2+5) и преклопете ги заедно горната рачка (1)
и долната рачка (3) – така да уредот зазема помалку место. Внимавајте да не ги
приклештите сајлите и каблите на уредот додека го правите ова.
• Уредот да се складира на суво место – недостапно за деца.
• Почекајте моторот да се излади пред да го складирате во затворениот простор.
• Извадете ги батериите за полнење пред складирањето на уредот на подолг
временски период (на пр. кога е зимско складирање).
Производителот и дистрибутерот нема да бидат одговорни за оштетувањата
предизвикани од овој уред – доколку тие оштетувања се предизвикани од
непрописна поправка, употреба на неоригинални делови или непрописна употреба
на самиот уред.
Oтстранувањe/заштита на животната средина
Извадете ја батеријата од уредот и однесете ги батеријата, уредот,
опремата и пакувањето – на локации на кои ќе бидат третирани и
рециклирани во духот на заштита на животната средина. Да не се
отстранува заедно со отпадот од домаќинството.
Батериите да не се отстрануваат заедно со останатиот отпад од
домаќинството и да не се фрлаат во оган (опасност од експлозии) или
вода. Батериите можат да им нанесат штета на животната средина и на
човековото здравје – доколку истечат отровните испарувања или
течност.