EasyManua.ls Logo

Huawei B320-323 - МакедонскиПреглед на производотСијаличка за статус на мрежатаСијаличка за Wi-FiСијаличка за јачина на сигналотОтвор за надворешна антенаКопче за РесетирањеПорта за фиксна телефонија (Изборно. Предност ќе имаат конкретниот изглед на производот и функциите.)Порта за LAN;WANКопче за WPSПоставување1Проверете дали ја користите правилната SIM-картичка.2Полека ставете ја SIM-картичката во отворот за SIM-картичка во насоката што е прикажана на сликата подолу додека не се слушне кликнување.•За да ја извадите SIM-картичката, малку притиснете ја додека не се слушне кликнување. Картичката ќе излезе автоматски.•Не ставајте и не вадете SIM-картичка додека насочувачот работи затоа што тоа може да влијае врз перформансите или да ја оштети SIM-картичката.3Поврзете го адаптерот за напојување со насочувачот.Сијаличките ќе се вклучат кога насочувачот успешно ќе се поврзе на некоја мрежа.Сијаличка за статус на мрежатаСвети во бела боја: поврзан на мрежата.Сијаличка за јачина на сигналотБела: повеќе цртички за сигналот укажуваат на појак сигнал.Ако сијаличката за статусот на мрежата свети црвено, тоа значи дека нема мрежно поврзување. Видете во ЧПП во овој водич.Поврзување на мрежата Wi-Fi на насочувачотОткако насочувачот ќе се поврзе на мобилната податочна мрежа, може да го поврзете компјутерот или мобилниот телефон со мрежата Wi-Fi на насочувачот за да пристапите на интернет. Погледнете ја етикетата на долниот дел од насочувачот за името (Wi-Fi Name) и лозинката (Wi-Fi Password) на стандардната мрежа Wi-Fi.•Кога сијаличката за Wi-Fi свети постојано, Wi-Fi е овозможено. За да овозможите или оневозможите Wi-Fi, видете ја страницата за управување со насочувачот преку веб.•Не заборавајте веднаш да ги промените името и лозинката на мрежата Wi-Fi на страницата за управување со насочувачот преку веб за да спречите неовластен пристап до мрежата Wi-Fi. Откако ќе ја промените лозинката, треба да се поврзете повторно на мрежата Wi-Fi на насочувачот.Управување со насочувачотМоже да управувате со насочувачот преку страницата за управување преку веб. Погледнете ја етикетата на долниот дел од насочувачот за стандардните ИП-адреса, лозинка и друго.Повеќе информации може да најдете на страницата за управување преку веб.•Не заборавајте веднаш да ја промените стандардната лозинка за најавување на страницата за управување преку веб за да спречите неовластени корисници да ги променуваат поставките на насочувачот.•Исто така, може да управувате со насочувачот преку апликацијата HUAWEI AI Life. Скенирајте го QR-кодот подолу за преземање.Изборни конфигурацииКарактеристиките што се опишани во овој дел се само за информативна намена. Можно е насочувачот да не ги поддржува сите овие карактеристики.Поврзување компјутерМоже да поврзете компјутер на насочувачот за да пристапите на интернет.Пристапување на интернет преку порта за етернетМоже да го поврзете насочувачот со порта за етернет монтирана на ѕид со користење на кабел за етернет за да се поврзете на интернет.Конфигурирајте ги соодветните поставки на страницата за управување преку веб пред да се поврзете на интернет преку порта за етернет. За подетални информации, контактирајте со операторот.Кабелот за етернет е изборен додаток. За да купите кабел за етернет, контактирајте со овластен продавач.Монтирање надворешна антенаПокрај вградената антена што е направена за да ги задоволи вашите основни потреби, може да монтирате и надворешна антена на насочувачот за да го подобрите приемот на сигналот. Контактирајте со операторот за да ја купите антената.•Исклучете го насочувачот и исклучете го адаптерот за напојување пред да монтирате надворешна антена.•Надворешната антена е соодветна за користење само во затворен простор. Не користете надворешна антена кога има грмотевици.•Користете само надворешна антена добиена од операторот.ЧППКако да ги вратам фабричките поставки?Кога насочувачот е вклучен, користете предмет во вид на игла за да го притиснете и задржите копчето за ресетирање додека не почне да трепка показателот за статусот на мрежата. Отпуштете го копчето и насочувачот ќе се обнови на своите фабрички поставки.Што да направам ако ја заборавам лозинката за Wi-Fi или лозинката за најавување за страницата за управување преку веб?Вратете го насочувачот на фабричките поставки, па користете ги стандардната лозинка и лозинката за најавување за Wi-Fi за да се обидете повторно.Што да направам ако сијаличката за статусот на мрежата свети црвено или ако не може да се воспостави поврзување на интернет?1Проверете дали е ставена SIM-картичката. Видете во делот Поставување за точната големина на SIM-картичката и за правилниот начин на ставање во отворот.2Ако проблемот продолжи да се појавува, вратете го насочувачот на фабричките поставки и обидете се повторно.3Контактирајте со операторот за да проверите дали SIM-картичката функционира. Ако се работи за нова картичка, проверете дали е активирана.Што да направам ако брзината на интернет е мала?1Проверете ја сијаличката за јачина на сигналот на насочувачот. Ако покажува дека сигналот е слаб, приспособете ја насоката на насочувачот или преместете го поблиску до прозорецот за да го подобрите приемот на сигналот.2Ако уредот е поврзан на насочувачот преку Wi-Fi, приспособете ја положбата на уредот за да добиете подобар сигнал.3Престартувајте ги насочувачот и уредот, па обидете се повторно.4Проверете дали сте го достигнале ограничувањето за податочен сообраќај за месецот. Ако сте го достигнале, операторот може да ја ограничи брзината на интернетот.Како можам да се поврзам со насочувачот со користење WPS (Поставување заштитена мрежа Wi-Fi)?За да поврзете уред со овозможено WPS со насочувачот со користење на копчето за WPS:1Притиснете го копчето за WPS на насочувачот и сијаличката за Wi-Fi ќе почне да трепка.2Овозможете WPS на вашиот уред во рок од 2 минути за да се поврзете со мрежата Wi-Fi на насочувачот.Зошто не можам да пристапам до страницата за управување со насочувачот преку веб?1Уверете се дека компјутерот е поврзан со насочувачот преку кабел за етернет или преку Wi-Fi.2Уверете се дека компјутерот е поставен автоматски да добива ИП-адреса и адреса на сервер DNS.3Престартувајте го прелистувачот или обидете се со друг прелистувач.4Ако проблемот продолжи да се појавува, вратете го насочувачот на фабричките поставки.Зошто содржината што се прикажува на страницата за управување преку веб не е ажурирана?Во зависност од кешот на прелистувачот, содржината за уредот на страницата за управување преку веб може да не е ажурирана. Рачно исчистете го кешот на прелистувачот (на пример, отворете го прелистувачот и изберете Опции за интернет (Internet Options) > Општо (General) > Историја на прелистувања (Browsing history) > Избриши (Delete).) и повторно активирајте ја страницата за управување преку веб-кориснички интерфејс.Ако имате други проблеми со насочувачот:1Престартувајте го насочувачот.2Вратете го насочувачот на фабричките поставки.3Контактирајте со операторот.Правна напоменаАвторски права © 2023 Huawei Device Co., Ltd. Сите права се задржани.Производот опишан во ова упатство може да содржи софтвер на Huawei и можните носители на лиценци којшто е заштитен со авторски права. Купувачите никако не смеат да го репродуцираат, дистрибуираат, изменуваат, декомпајлираат, демонтираат, дешифрираат, извлекуваат, расчленуваат, изнајмуваат, доделуваат или подлиценцираат наведениот софтвер, освен ако таквите ограничувања не се забранети со важечките закони или таквите дејства не се одобрени од односните носители на авторските права.Трговски марки и дозволиLTE е трговска марка на ETSI.Wi-Fi, логото Wi-Fi CERTIFIED и логото Wi-Fi се трговски марки на Wi-Fi Alliance.Другите споменати трговски марки, називи на производи, услуги и трговски друштва може да се во сопственост на нивните односни сопственици.НапоменаНекои карактеристики на производот и неговите додатоци опишани овде се потпираат врз инсталираниот софтвер, капацитетот и параметрите на локалната мрежа и затоа може да не се активираат или може да се ограничени од страна на операторите на локалните мрежи или давателите на мрежни услуги.Така, описот тука може да не се совпаѓа целосно со купениот производ или неговите додатоци.Huawei го задржуваат правото да ги изменат или преиначат информациите или спецификациите содржани во ова упатство без претходна најава и без никаква одговорност.ОГРАДУВАЊЕЦЕЛА СОДРЖИНА ВО ОВА УПАТСТВО Е ДАДЕНА КАКО ШТО Е“. ОСВЕН КАДЕ ШТО СЕ БАРА СО ПРИМЕНЛИВИТЕ ЗАКОНИ, НИКАКВИ ГАРАНЦИИ, ИЗРЕЧНИ ИЛИ ИМПЛИЦИРАНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ИМПЛИЦИРАНИТЕ ГАРАНЦИИ ЗА СОСТОЈБАТА И СООДВЕТНОСТА ЗА КОНКРЕТНА НАМЕНА, НЕ СЕ ДАВААТ ВО ВРСКА СО ТОЧНОСТА, ВЕРОДОСТОЈНОСТА ИЛИ СОДРЖИНАТА НА ОВА УПАТСТВО.КОЛКУ ШТО Е ТОА ДОЗВОЛЕНО СО ПРИМЕНЛИВИТЕ ЗАКОНИ, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ HUAWEI НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА НЕКАКВИ ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСРЕДНИ ИЛИ ИНДИРЕКТНИ ШТЕТИ, ИЛИ ЗАГУБА НА ДОБИВКА, РАБОТА, ПОДАТОЦИ, ГУДВИЛ, ЗАШТЕДИ ИЛИ ПРЕДВИДЕНИ ЗАШТЕДИ БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ТАКВИТЕ ЗАГУБИ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕДВИДАТ ИЛИ НЕ.НАЈГОЛЕМАТА ОДГОВОРНОСТ (ОВА ОГРАНИЧУВАЊЕ НЕ ВАЖИ ЗА ОДГОВОРНОСТ ЗА ЛИЧНА ПОВРЕДА ОНОЛКУ КОЛКУ ШТО ПРИМЕНЛИВИТЕ ЗАКОНИ ГО ЗАБРАНУВААТ ТАКВОТО ОГРАНИЧУВАЊЕ) НА HUAWEI КОЈАШТО ПРОИЗЛЕГУВА ОД УПОТРЕБАТА НА ПРОИЗВОДОТ ОПИШАН ВО ОВА УПАТСТВО СЕ ОГРАНИЧУВА НА ИЗНОСОТ ПЛАТЕН ОД СТРАНА НА КУПУВАЧОТ ЗА КУПУВАЊЕТО НА ОВОЈ ПРОИЗВОД.Прописи за увоз и извозКупувачите ќе ги почитуваат сите важечки закони и прописи за извоз или увоз и се одговорни да ги обезбедат сите потребни владини дозволи и лиценци за извоз, повторен извоз или увоз на производот споменат во ова упатство, вклучувајќи ги и софтверот и техничките податоци содржани во него.Политика за приватностЗа да разберете подобро како ги користиме и ги штитиме вашите лични информации, прочитајте ја Политиката за приватност на https:;;consumer.huawei.com;privacy-policy.За да разберете како ги користиме и ги заштитуваме вашите лични информации на овој уред, отворете ја страницата за управување преку веб или апликацијата HUAWEI AI Life, пристапете до Изјава за Уреди за мобилен широкопојасен пренос од Huawei и приватност и прочитајте ја нашата политика за приватност.Ажурирање на софтверАко продолжите да го користите овој уред, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со следниве содржини:За да обезбеди подобра услуга, уредот автоматски ќе добива информации за ажурирање на софтверот од Huawei или од операторот откако ќе се поврзе на интернет. Овој процес ќе користи мобилни податоци и бара пристап до единствениот идентификатор на уредот (IMEI;сериски број) и мрежниот идентитет на давателот на услугите (PLMN) за да провери дали уредот треба да се ажурира.Овој уред ја поддржува карактеристиката за автоматско ажурирање. Откако ќе се овозможи, уредот автоматски ќе презема и инсталира критични ажурирања од Huawei или од вашиот оператор. Оваа карактеристика е стандардно овозможена и може да се конфигурира од менито за поставки на страницата за управување преку веб.Безбедносни информацииОва поглавје содржи важни информации што се однесуваат на работата на уредот. Содржи и информации за тоа како да го користите уредот безбедно. Прочитајте ги информациите внимателно пред да го користите уредот.Електронски уредНе го користете уредот доколку е забрането да се употребува. Не го користете уредот ако неговата употреба предизвикува опасност или пречки на други електронски уреди.Пречки во медицинската опрема•Почитувајте ги правилата и прописите што ги утврдуваат болниците и другите објекти за здравствена заштита. Не го користете уредот онаму каде што е забранета неговата употреба.•Некои безжични уреди може да влијаат врз работата на слушните помагала или пејсмејкерите. Обратете се до давателот на услугата за повеќе информации.•Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува најмало растојание од 15 см меѓу уредот и пејсмејкерот за да се спречат потенцијални пречки на пејсмејкерот. Ако користите пејсмејкер, користете го уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и не го носете уредот во предниот џеб.Области со запалив материјал и експлозиви•Не го користете уредот на места каде што се складираат запаливи материјали или експлозиви (на бензиска пумпа, склад за нафта или хемиски погон, на пример). Користењето на уредот во таква средина го зголемува ризикот од експлозија или пожар. Исто така, следете ги упатствата во форма на текст или симболи.•Не го чувајте или транспортирајте уредот во контејнери со запаливи течности, гасови или експлозиви.Средина за работа•Избегнувајте места со прав, влага или нечистотија. Избегнувајте магнетни полиња. Користењето на уредот во таква средина може да предизвика нарушување на струјното коло.•Прекинете со користењето на уредот и исклучете го од струјата пред да вклучувате или исклучувате кабли. Осигурајте се дека рацете Ви се суви при работење со уредот.•Поставете го уредот на стабилна површина.•Чувајте го уредот подалеку од електрични апарати кои создаваат силни магнетни или електрични полиња, како што се микробранова печка или фрижидер.•За време на грмотевици, исклучете го уредот и отстранете ги сите поврзани кабли за да се заштитите од гром.•Не го користете уредот за време на грмотевици за да го заштитите од секаква штета предизвикана од гром.•Идеални температури за работа се 0 °C до 40 °C. Идеални температури за чување се -20 °C до +70 °C. Екстремна топлина или студ може да го оштети уредот или дополнителната опрема.•Чувајте го уредот и дополнителната опрема во добро проветрена и студена просторија без директна изложеност на сонце. Не го виткајте или покривајте уредот со крпи или други предмети. Не го поставувајте уредот во предмети што задржуваат топлина, како на пример, кутија или кеса.•За да го заштитите уредот или дополнителната опрема од опасност од пожар или електрични шокови, избегнувајте дожд и влага.•Чувајте го уредот подалеку од извори на топлина и оган, како што се греалка, микробранова печка, шпорет, бојлер, радијатор или свеќа.•Не ставајте никакви предмети, како што се свеќа или сад со вода, врз уредот. Ако во уредот навлезе туѓ предмет или течност, веднаш престанете со користење, исклучете го и отстранете ги сите кабли што се поврзани со него. Потоа, контактирајте со овластен сервисен центар на Huawei.•Не ги блокирајте отворите на уредот. Оставете простор од најмалку 10 см околу уредот за испуштање на топлина.•Направете пауза во користењето на уредот или апликациите доколку уредот се прегрее. Доколку кожата е изложена на прегреан уред подолг временски период, може да се јават симптоми на изгореници, како што се црвени точки или потемна пигментација.•Не ја допирајте антената на уредот. Во спротивно, може да се намали квалитетот на врските.•Не дозволувајте деца или домашни миленици да го гризат или шмукаат уредот или дополнителната опрема. Тоа може да предизвика штета или експлозија.•Почитувајте ги локалните закони и прописи, како и приватноста и законските права на другите.•Чувајте го уредот на место со добар прием. Растојанието меѓу уредот и други метални предмети (како што се метални држачи или метални врати и прозорци) треба да биде поголемо од 25 см а растојанието од уредот треба да биде поголемо од 30 см.•За да избегнете ризик од повреда, не допирајте ги загреаните делови.Безбедност на децата•Почитувајте ги сите мерки за претпазливост што се однесуваат на безбедноста на децата. Децата не смеат да си играат со уредот или дополнителната опрема бидејќи тоа може да биде опасно. Уредот содржи ситни делови што може да се одвојат и да предизвикаат опасност од задушување. Да се чува подалеку од дофат на деца.•Уредот и дополнителната опрема не се наменети за деца. Секое користење на уредот од страна на деца треба да биде под надзор на возрасно лице.Дополнителна опрема•Користењето на неодобрен или некомпатибилен адаптер за напојување, полнач или батерија може да предизвика пожар, експлозија или друга опасност.•Избирајте само дополнителна опрема одобрена за употреба за овој модел од страна на производителот на уредот. Користењето на други типови дополнителна опрема може да доведе до поништување на гаранцијата, кршење на локалните прописи и закони, и може да биде опасно. Обратете се кај продавачот за повеќе информации околу достапноста на одобрената дополнителна опрема во Вашиот регион.Безбедност на адаптерот за напојување•Електричниот приклучок служи како уред за исклучување.•За приклучливите уреди, штекерот треба да биде во близина на уредите и да биде лесно достапен.•Исклучете го адаптерот за напојување од штекерот кога не го користите.•Не испуштајте го и не удирајте го адаптерот за напојување. Ако е оштетен, однесете го во овластен сервисен центар на Huawei за проверка.•Ако кабелот за струја е оштетен (на пр., жиците се гледаат или се прекинати), или приклучокот се разлабави, веднаш престанете да го користите. Продолженото користење може да доведе до електрични шокови, кратки споеви или пожар.•Не го допирајте кабелот со влажни раце и не го влечете за да го исклучите адаптерот за напојување.•Не ги допирајте уредот или адаптерот за напојување со влажни раце. Тоа може да доведе до кратки споеви, дефекти или електрични шокови.•Ако адаптерот за напојување бил изложен на вода, други течности или преголема влажност, однесете го во овластен сервисен центар на Huawei за проверка.•Уверете се дека адаптерот за напојување ги исполнува барањата од IEC;EN 62368-1 и дека е тестиран и одобрен според националните или локалните стандарди.Чистење и одржување•Уредот треба да биде сув и заштитен од удари за време на складирање, транспорт и работење.•Уредот и дополнителната опрема да се чуваат суви. Не го сушете уредот со надворешен извор на топлина, како што е микробранова печка или фен за коса.•Не го изложувајте уредот или дополнителната опрема на екстремна топлина или студ. Таквата средина може да го попречи правилното функционирање и може да доведе до пожар или експлозија.•Заштитете го уредот од удари што може да предизвикаат дефекти, прегревање, пожар или експлозија.•Исклучете го уредот и отстранете ги сите кабли поврзани на него доколку планирате да не го користите подолг временски период.•Ако се случи нешто невообичаено (на пример, ако од уредот излегува чад или некој необичен звук или миризба), веднаш престанете со користење, исклучете го, отстранете ги сите кабли што се поврзани со него и контактирајте со овластен сервисен центар на Huawei.•Не ги газете, влечете или виткајте каблите. Тоа може да предизвика оштетување на кабелот и дефект на уредот.•Пред да започнете со чистење или одржување на уредот, запрете со негова употреба, запрете ги сите апликации и исклучете ги сите кабли поврзани на него.•Не користете хемиски детергенти, прашок или други хемиски средства (како алкохол и бензен) за чистење на уредот или дополнителната опрема. Таквите супстанции може да ги оштетат деловите или да предизвикаат опасност од пожар. Користете чиста, мека и сува крпа за да го исчистите уредот и дополнителната опрема.•Не оставајте картички со магнетна лента, како што се кредитни или телефонски картички, во близина на уредот подолг временски период. Во спротивно, картичките со магнетната лента може да се оштетат.•Не расклопувајте ги и не составувајте ги повторно уредот и додатоците. Со тоа се поништува гаранцијата и производителот се ослободува од одговорност за штетата. Во случај на штета, контактирајте со овластен сервисен центар на Huawei за да добиете помош и поправка.Информации за одложување и рециклирањеСимболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата значат дека производите и батериите треба да се однесат во посебни места за собирање отпад одредени од локалните власти по крајот на работниот век. На тој начин ќе се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува здравјето на луѓето и околината.За повеќе информации, контактирајте со локалните власти, продавачот или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата https:;;consumer.huawei.com;en;.Намалување на опасни супстанцииУредот и неговите електронски додатоци се во согласност со применливите локални правила за ограничување на употребата на одредени штетни супстанции во електрична и електронска опрема, како што се регулативата EU REACH и директивите RoHS и Батерии (каде што се вклучени) и др. За изјави за сообразност за REACH и RoHS, посетете ја нашата веб-локација https:;;consumer.huawei.com;certification.Информации за изложеност на радиофреквенцииКако што се препорачува со меѓународните насоки, уредот е дизајниран да ги почитува ограничувањата што важат на пазарот на којшто ќе се продава. Уредот треба да се монтира и да работи на минимално растојание од 20 см помеѓу уредот и вашето тело.Усогласеност со прописите на ЕУСо овој документ, Huawei Device Co., Ltd. изјавува дека овој уред B320-323 е во согласност со следниве Директиви: RED 2014;53;ЕУ, RoHS 2011;65;ЕУ, ErP 2009;125;EЗ.Целиот текст на Декларацијата за усогласеност за ЕУ, деталните информации за ErP и најновите информации за додатоци и софтвер се достапни на следнава интернет-адреса: https:;;consumer.huawei.com;certification.Фреквентни опсези и моќност(a) Фреквенциски опсези на работење на радио опремата: Некои опсези може да не се достапни во сите земји или сите области. Контактирајте со локалниот оператор за подетални информации.WCDMA 900;2100: 25.7 dBm, LTE Band 1;3;7;8;20;38: 25 dBm, Wi-Fi 2.4 GHz: 20 dBm.Посетете ја https:;;consumer.huawei.com;en;support;hotline за најновиот број на Центарот за грижа за корисници и адресата на е-пошта во Вашата земја или регион.; Преглед на производот; Поставување

Huawei B320-323
398 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Македонски
Преглед на производот
1
2
3
4
5 7 8
6
1
Сијаличка за
статус на мрежата
2
Сијаличка за Wi-Fi
®
3
Сијаличка за
јачина на сигналот
4
Отвор за надворешна
антена
5
Копче за
Ресетирање
6
Порта за фиксна
телефонија (Изборно.
Предност ќе имаат
конкретниот изглед на
производот и функциите.)
7
Порта за LAN/WAN
8
Копче за WPS
Поставување
1 Проверете дали ја користите правилната SIM-картичка.
336

Table of Contents

Related product manuals