EasyManua.ls Logo

Huawei B320-323 - Безбедност на децата; Дополнителна опрема; Безбедност на адаптерот за напојување

Huawei B320-323
398 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Чувајте го уредот на место со добар прием. Растојанието меѓу
уредот и други метални предмети (како што се метални
држачи или метални врати и прозорци) треба да биде
поголемо од 25 см а растојанието од уредот треба да биде
поголемо од 30 см.
За да избегнете ризик од повреда, не допирајте ги
загреаните делови.
Безбедност на децата
Почитувајте ги сите мерки за претпазливост што се
однесуваат на безбедноста на децата. Децата не смеат да си
играат со уредот или дополнителната опрема бидејќи тоа
може да биде опасно. Уредот содржи ситни делови што може
да се одвојат и да предизвикаат опасност од задушување. Да
се чува подалеку од дофат на деца.
Уредот и дополнителната опрема не се наменети за деца.
Секое користење на уредот од страна на деца треба да биде
под надзор на возрасно лице.
Дополнителна опрема
Користењето на неодобрен или некомпатибилен адаптер за
напојување, полнач или батерија може да предизвика пожар,
експлозија или друга опасност.
Избирајте само дополнителна опрема одобрена за употреба
за овој модел од страна на производителот на уредот.
Користењето на други типови дополнителна опрема може да
доведе до поништување на гаранцијата, кршење на
локалните прописи и закони, и може да биде опасно.
Обратете се кај продавачот за повеќе информации околу
достапноста на одобрената дополнителна опрема во Вашиот
регион.
Безбедност на адаптерот за напојување
Електричниот приклучок служи како уред за исклучување.
За приклучливите уреди, штекерот треба да биде во близина
на уредите и да биде лесно достапен.
Исклучете го адаптерот за напојување од штекерот кога не го
користите.
Не испуштајте го и не удирајте го адаптерот за напојување.
Ако е оштетен, однесете го во овластен сервисен центар на
Huawei за проверка.
Ако кабелот за струја е оштетен (на пр., жиците се гледаат
или се прекинати), или приклучокот се разлабави, веднаш
престанете да го користите. Продолженото користење може
да доведе до електрични шокови, кратки споеви или пожар.
347

Table of Contents

Related product manuals