EasyManua.ls Logo

Huawei B320-323 - Чистење и одржување

Huawei B320-323
398 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Не го допирајте кабелот со влажни раце и не го влечете за да
го исклучите адаптерот за напојување.
Не ги допирајте уредот или адаптерот за напојување со
влажни раце. Тоа може да доведе до кратки споеви, дефекти
или електрични шокови.
Ако адаптерот за напојување бил изложен на вода, други
течности или преголема влажност, однесете го во овластен
сервисен центар на Huawei за проверка.
Уверете се дека адаптерот за напојување ги исполнува
барањата од IEC/EN 62368-1 и дека е тестиран и одобрен
според националните или локалните стандарди.
Чистење и одржување
Уредот треба да биде сув и заштитен од удари за време на
складирање, транспорт и работење.
Уредот и дополнителната опрема да се чуваат суви. Не го
сушете уредот со надворешен извор на топлина, како што е
микробранова печка или фен за коса.
Не го изложувајте уредот или дополнителната опрема на
екстремна топлина или студ. Таквата средина може да го
попречи правилното функционирање и може да доведе до
пожар или експлозија.
Заштитете го уредот од удари што може да предизвикаат
дефекти, прегревање, пожар или експлозија.
Исклучете го уредот и отстранете ги сите кабли поврзани на
него доколку планирате да не го користите подолг временски
период.
Ако се случи нешто невообичаено (на пример, ако од уредот
излегува чад или некој необичен звук или миризба), веднаш
престанете со користење, исклучете го, отстранете ги сите
кабли што се поврзани со него и контактирајте со овластен
сервисен центар на Huawei.
Не ги газете, влечете или виткајте каблите. Тоа може да
предизвика оштетување на кабелот и дефект на уредот.
Пред да започнете со чистење или одржување на уредот,
запрете со негова употреба, запрете ги сите апликации и
исклучете ги сите кабли поврзани на него.
Не користете хемиски детергенти, прашок или други хемиски
средства (како алкохол и бензен) за чистење на уредот или
дополнителната опрема. Таквите супстанции може да ги
оштетат деловите или да предизвикаат опасност од пожар.
Користете чиста, мека и сува крпа за да го исчистите уредот и
дополнителната опрема.
Не оставајте картички со магнетна лента, како што се
кредитни или телефонски картички, во близина на уредот
подолг временски период. Во спротивно, картичките со
магнетната лента може да се оштетат.
348

Table of Contents

Related product manuals