EasyManua.ls Logo

Huawei B320-323 - Безбедносни информации; Електронски уред; Пречки во медицинската опрема; Области со запалив материјал и експлозиви

Huawei B320-323
398 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Овој уред ја поддржува карактеристиката за автоматско
ажурирање. Откако ќе се овозможи, уредот автоматски ќе
презема и инсталира критични ажурирања од Huawei или од
вашиот оператор. Оваа карактеристика е стандардно
овозможена и може да се конфигурира од менито за поставки
на страницата за управување преку веб.
Безбедносни информации
Ова поглавје содржи важни информации што се однесуваат на
работата на уредот. Содржи и информации за тоа како да го
користите уредот безбедно. Прочитајте ги информациите
внимателно пред да го користите уредот.
Електронски уред
Не го користете уредот доколку е забрането да се употребува.
Не го користете уредот ако неговата употреба предизвикува
опасност или пречки на други електронски уреди.
Пречки во медицинската опрема
Почитувајте ги правилата и прописите што ги утврдуваат
болниците и другите објекти за здравствена заштита. Не го
користете уредот онаму каде што е забранета неговата
употреба.
Некои безжични уреди може да влијаат врз работата на
слушните помагала или пејсмејкерите. Обратете се до
давателот на услугата за повеќе информации.
Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се
одржува најмало растојание од 15 см меѓу уредот и
пејсмејкерот за да се спречат потенцијални пречки на
пејсмејкерот. Ако користите пејсмејкер, користете го уредот
од спротивната страна на пејсмејкерот и не го носете уредот
во предниот џеб.
Области со запалив материјал и експлозиви
Не го користете уредот на места каде што се складираат
запаливи материјали или експлозиви (на бензиска пумпа,
склад за нафта или хемиски погон, на пример). Користењето
на уредот во таква средина го зголемува ризикот од
експлозија или пожар. Исто така, следете ги упатствата во
форма на текст или симболи.
Не го чувајте или транспортирајте уредот во контејнери со
запаливи течности, гасови или експлозиви.
Средина за работа
Избегнувајте места со прав, влага или нечистотија.
Избегнувајте магнетни полиња. Користењето на уредот во
таква средина може да предизвика нарушување на струјното
коло.
345

Table of Contents

Related product manuals