• Прекинете со користењето на уредот и исклучете го од
струјата пред да вклучувате или исклучувате кабли.
Осигурајте се дека рацете Ви се суви при работење со уредот.
• Поставете го уредот на стабилна површина.
• Чувајте го уредот подалеку од електрични апарати кои
создаваат силни магнетни или електрични полиња, како што
се микробранова печка или фрижидер.
• За време на грмотевици, исклучете го уредот и отстранете ги
сите поврзани кабли за да се заштитите од гром.
• Не го користете уредот за време на грмотевици за да го
заштитите од секаква штета предизвикана од гром.
• Идеални температури за работа се 0 °C до 40 °C. Идеални
температури за чување се -20 °C до +70 °C. Екстремна
топлина или студ може да го оштети уредот или
дополнителната опрема.
• Чувајте го уредот и дополнителната опрема во добро
проветрена и студена просторија без директна изложеност на
сонце. Не го виткајте или покривајте уредот со крпи или
други предмети. Не го поставувајте уредот во предмети што
задржуваат топлина, како на пример, кутија или кеса.
• За да го заштитите уредот или дополнителната опрема од
опасност од пожар или електрични шокови, избегнувајте
дожд и влага.
• Чувајте го уредот подалеку од извори на топлина и оган, како
што се греалка, микробранова печка, шпорет, бојлер,
радијатор или свеќа.
• Не ставајте никакви предмети, како што се свеќа или сад со
вода, врз уредот. Ако во уредот навлезе туѓ предмет или
течност, веднаш престанете со користење, исклучете го и
отстранете ги сите кабли што се поврзани со него. Потоа,
контактирајте со овластен сервисен центар на Huawei.
• Не ги блокирајте отворите на уредот. Оставете простор од
најмалку 10 см околу уредот за испуштање на топлина.
• Направете пауза во користењето на уредот или апликациите
доколку уредот се прегрее. Доколку кожата е изложена на
прегреан уред подолг временски период, може да се јават
симптоми на изгореници, како што се црвени точки или
потемна пигментација.
• Не ја допирајте антената на уредот. Во спротивно, може да се
намали квалитетот на врските.
• Не дозволувајте деца или домашни миленици да го гризат
или шмукаат уредот или дополнителната опрема. Тоа може
да предизвика штета или експлозија.
• Почитувајте ги локалните закони и прописи, како и
приватноста и законските права на другите.
346