Монтажа
Climate 3000i – 6721823680 (2022/10)
148
3.4 Поврзување на цевките
3.4.1 Поврзување на разладните линии со внатрешната и
надворешната единица
ВНИМАНИЕ
Истекување на разладно средство поради неправилно поврзување
Ако фитинзите се постават неправилно, може да истече разладното
средство. Механичките приклучоци и компресисики фитинзи за
повеќекратна употреба не се дозволени во внатрешен простор.
▶ Само еднаш затегнете ги компресиските фитинзи.
▶Откако ќе ги одвртите компресиските фитинзи,
повторно затегнете ги.
Бакарните цевки се достапни во метри или инчи, но навојот на
компресиските навртки е секогаш ист. Компресиските фитинзи на
внатрешната и надворешната единица се изработени за инчи.
▶ При употреба на метрички бакарни цевки, компресиските
навртки треба да се заменат со други што имаат одговарачки
дијаметар ( Табела 7).
▶Одредување на дијаметар и должина на цевка (
Страница
146
).
▶ Исечете ја цевката со секач за цевки ( Слика 11).
▶ Измазнете го крајот на цевката и исчистете го од деланки.
▶Поставете ја навртката на цевката.
▶ Проширете ја цевката со соодветен алат за да одговара на
димензиите од Табела 7.
Навртката мора да може лесно да се поставува на работ, но не и
да испаѓа од него.
▶ Поврзете ја цевката и затегнете ја спојката со вртежната сила
дадена во Табела 7.
▶ Повторете го чекорот горе за втората цевка.
HAПOMEHA
Намалена ефикасност поради размена на топлина меѓу
разладните линии
▶Изолирајте ги топлински разладните линии одделно една од друга.
▶Поставете ја изолацијата на цевките и фиксирајте ја.
Таб. 7 Спецификации за фитинзите за цевки
3.4.2 Поврзување одвод за кондензација на внатрешната
единица
Садот за кондензат на внатрешната единица е опремен со два
приклучока. Фабрички се монтирани црево за кондензација и
чепови, коишто можете да ги смените ( Слика 10).
▶ Поставете го цревото за кондензација така што ќе има пад за
слевање на кондензатот.
3.4.3 Проверка за протекувања и полнење на системот
Проверка за протекувања
Следете ги националните и локалните регулативи за проверката за
протекувања.
▶ Отстранете ги капачињата од трите вентили
( Слика 18, [1], [2] и [3]).
▶ Поврзете Шрадер-отворач [6] и уред за мерење притисок [4] на
Шрадер-вентилот [1].
▶Завртете го Шрадер-отворачот и отворете го Шрадер-вентилот [1].
▶ Оставете ги вентилите [2] и [3] затворени и наполнете го
системот со азот додека притисокот 10 % не го надмине
максималниот работен притисок ( Страница 153).
▶ Проверете по 10 минути дали притисокот е променет.
▶ Испуштете го азотот додека не се достигне максималниот
работен притисок.
▶ Проверете дали притисокот е променет по 1 час.
▶ Испуштете го азотот.
Полнење на системот
HAПOMEHA
Дефектна функција поради погрешно разладно средство
Надворешната единица е наполнета со разладно средство R32
фабрички.
▶Кога ќе мора да дополните разладно средство, наполнете го
уредот само со истото средство. Не мешајте различни типови на
разладно средство.
▶ Празнете го системот со вакуумска пумпа ( Слика 18, [5])
додека не достигне околу −1 bar (или околу. 500 Micron).
▶ Отворете го горниот вентил [3] (од страната на течноста).
▶ Проверете со уред за мерење притисок [4] дали има слободен
проток.
▶ Отворете го долниот вентил[2] (од страната на гасот).
Разладното средство е распоредено низ системот.
▶На крајот, проверете го притисокот.
▶ Одвртете го Шрадер-отворачот [6] и затворете го Шрадер-
вентилот [1].
▶ Отстранете ги вакуумската пумпа, уредот за мерење притисок и
Шрадер-отворачот.
▶ Поставете ги капачињата на вентилите.
▶ Вратете го капакот за спојките за цевки на надворешната единица.
Надворешен дијаметар
на цевка Ø [mm]
Вртежна сила [Nm] Дијаметар на
компресискиот отвор (A)
[mm]
Компресиски крај на
цевка
Однапред монтирана
навојна компресиска
навртка
6,35 (1/4") 18-20 8,4-8,7 3/8"
9,53 (3/8") 32-39 13,2-13,5 3/8"
12,7 (1/2") 49-59 16,2-16,5 5/8"
15,9 (5/8") 57-71 19,2-19,7 3/4"