Македонски
543
Македонски
Важно
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред да го користите
апаратот и зачувајте го за идни потреби.
За да обезбедите најдобри перформанси, проверете дали фирмверот на
вашиот пречистувач е надграден со најновата верзија. Оваа надградба
можете да ја извршите преку апликацијата Air+.
Опасност
-
Немојте да го чистите апаратот со вода, некоја друга течност или
(запалив) детергент и внимавајте да не навлезат во апаратот за да се
избегне опасност од струен удар и/или пожар.
-
Немојте да прскате со запаливи материјали како што се инсектициди
или парфеми околу апаратот.
Предупредување
-
Пред да го приклучите апаратот проверете дали напонот наведен на
апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.
-
Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го замени
компанијата Philips, односно сервисен центар овластен од Philips или
лица со соодветни квалификации за да се избегне опасност.
-
Немојте да го користите апаратот ако е оштетен адаптерот, кабелот за
напојување или самиот апарат.
-
Да се користи само со адаптерот што се испорачува со апаратот.
-
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со
ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со
недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да
добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат
можните опасности.
-
Децата не смеат да си играат со апаратот.
-
Децата не смеат да го чистат и одржуваат апаратот без надзор.
-
Немојте да го блокирате отворот за влез или излез на воздух, на пр. со
поставување предмети на отворот за излез на воздух или пред отворот
за влез на воздух.
-
Внимавајте да не паднат надворешни предмети во апаратот преку
излезот за воздух.
-
Стандарден интерфејс за Wi-Fi врз основа на 802.11b/g/n/ax со 2,4 GHz и
максимална излезна моќност од 64 mW EIRP.
-
Bluetooth верзија 5.2 (LE) со фреквенција од 2,4 GHz и излезна RF-
моќност помала од 10 mW EIRP.
-
На луѓето кои се алергични на прав, полен, домашни миленици или
мувла им препорачуваме да не ги менуваат филтрите сами или да се
заштитат со маска и ракавици.