544
Македонски
Внимание
-
Препорачуваме лица коишто се алергични на прав, полен, миленичиња
или мувла да не ги заменуваат филтрите сами или да преземат заштитни
мерки, како што е носење на маска и ракавици. Овој апарат не е замена
за соодветна вентилација, редовно чистење со правосмукалка или
користење на аспиратор или вентилатор при готвењето.
-
Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува, стабилна, рамна и
хоризонтална површина.
-
Оставете најмалку 20 cm слободен простор околу апаратот и најмалку 30
cm слободен простор над апаратот.
-
Немојте да седите или да стоите врз апаратот. Не ставајте ништо врз
апаратот.
-
Не поставувајте го апаратот директно под климатизер за да спречите
капење вода врз апаратот поради кондензацијата.
-
Користете само оригинални филтри од Philips што се специјално
наменети за овој апарат. Немојте да користите други филтри.
-
Согорувањето на филтерот може да предизвика непоправлива опасност
за луѓето и/или да загрози други животи. Не користете го филтерот како
гориво или за слична намена.
-
Избегнувајте да го удирате апаратот (особено влезот и излезот за
воздух) со тврди предмети.
-
Немојте да ставате прсти или предмети во излезот или влезот за воздух
за да спречите повреди или дефект на апаратот.
-
Немојте да го користите апаратот ако сте користеле димни средства
против инсекти за внатрешна употреба или на места каде што има
остатоци од масло, запален темјан или испарување на хемикалии.
-
Немојте да го користите апаратот во близина на плински апарати, уреди
за греење или камини.
-
Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер кога сакате да го
преместите и исчистите и кога сакате да го замените филтерот или да
извршите друг вид на одржување.
-
Апаратот е наменет само за употреба во домаќинства во нормални
услови на работа.
-
Немојте да го користите апаратот во влажни опкружувања или
опкружувања со висока амбиентална температура, како на пример во
бања или во просторија со големи температурни промени.
-
Уредот не отстранува јаглероден моноксид (CO) или радон (Rn). Тој не
може да се користи како безбедносен уред во случај на несреќи со
процеси на согорување и опасни хемикалии.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се
однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња.
Рециклирање