548
Македонски
1 Превртете го апаратот наопаку и ставете го на мека крпа.
2 Завртете ја основата во спротивна насока од стрелките на часовникот за
да ја отстраните од апаратот. Извадете го филтерот од апаратот.
3 Отстранете ја целата амбалажа од филтерот за пречистување на воздух.
4 Вратете го филтерот во апаратот. Повторно поставете го подножјето и
завртете го во насока на стрелките на часовникот за да го прицврстите.
Приклучување на напојувањето
ВНИМАНИЕ: Ризик од струен удар! При исклучување на адаптерот,
секогаш влечете го приклучокот од приклучницата. Никогаш немојте
да го влечете кабелот.