552
Македонски
1 Вметнете го адаптерот на пречистувачот на воздух во штекерот.
2 Повторно притиснете го копчето за напојување за да го вклучите
пречистувачот на воздух.
-
Пречистувачот на воздух ќе даде звучен сигнал.
-
При загревањето, на екранот ќе се прикаже . Потоа пречистувачот
на воздух ќе го прикаже нивото на PM2,5 откако ќе го измери квалитетот
на воздух.
-
Пречистувачот на воздух работи во автоматскиот режим со нивото на
PM2,5 прикажано на екранот.
3 Повторно притиснете го копчето за напојување за да го исклучите
пречистувачот на воздух.
Забелешка: Ако пречистувачот на воздух остане приклучен во штекер по
исклучувањето, тој ќе работи со претходните поставки кога повторно ќе се
вклучи.
Промена на поставката за режим
Можете да изберете Автоматски режим, Среден режим, Турбо режим
или Режим на мирување со притиснување на копчето за промена на
режим.
Автоматски режим ( ): пречистувачот на воздух автоматски ја
приспособува брзината на вентилаторот во зависност од квалитетот на
амбиенталниот воздух.
Среден режим ( ): во Средниот режим, пречистувачот на воздух работи
со средна брзина.