561
Македонски
Ресетирање на филтерот
Филтрите можете да ги замените дури и пред да се прикаже
предупредувањето за замена на филтерот ( ) на екранот. Кога ќе ги
замените филтрите, потребно е рачно да го ресетирате бројачот за работен
век на филтерот.
1 Притиснете го копчето за да го исклучите апаратот. Исклучете го
апаратот од штекер.
2 Проверете дали апаратот е целосно исклучен, а потоа ставете го
адаптерот за напојување во приклучницата.
3 Во рок од 15 секунди по вклучувањето, притиснете ги копчињата и
и задржете ги 3 секунди за да го ресетирате бројачот за траење на
филтерот.
Складирање
1 Исклучете го пречистувачот на воздух и извадете го приклучокот од
штекер.
2 Исчистете го пречистувачот на воздух и површината на филтерот
(погледнете го поглавјето „Чистење и одржување“).
3 Почекајте сите делови потполно да се исушат на воздух пред да ги
складирате.
4 Ставете го филтерот во херметички затворена пластична кеса.
5 Складирајте ги пречистувачот на воздух и филтерот на ладно и суво
место.
6 Секогаш темелно мијте ги рацете по ракувањето со филтерот.