EasyManua.ls Logo

Philips PureProtect Mini 900 Series - Решавање проблеми

Philips PureProtect Mini 900 Series
606 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
562
Македонски
Решавање проблеми
Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите
при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со
помош на информациите наведени подолу, контактирајте со центарот за
корисничка поддршка во вашата земја.
Проблем Можно решение
Апаратот не работи правилно. Проверете дали основата е правилно поставена. Ако не,
поради безбедносни причини, апаратот ќе престане да
работи.
Предупредувањето за замена на филтерот е вклучено, но
не сте го замениле соодветниот филтер. Како резултат на
тоа, апаратот сега е блокиран. Во тој случај, заменете го
филтерот и ресетирајте го бројачот за траење на
филтерот.
Протокот на воздух од отворот за излез
на воздух е значително послаб од
претходно.
Површината на филтерот е нечиста. Исчистете ја
површината на филтерот (погледнете го поглавјето
„Чистење и одржување“).
Квалитетот на воздух не се подобрува и
покрај тоа што апаратот работи долго
време.
Проверете дали амбалажата е отстранета од филтерот.
Проверете дали филтерот (FY0910) е правилно поставен.
Просторијата е голема или квалитетот на надворешниот
воздух е слаб.
За оптимални перформанси на пречистување, затворете
ги вратите и прозорците кога работи пречистувачот на
воздух.
Постојат внатрешни извори на загадување. На пример
пушење, готвење, темјан.
Филтрите се на крајот од работниот век. Заменете го
филтерот со нов.
Апаратот испушта необичен мирис. При првите неколку употреби, апаратот може да испушта
мирис на пластика. Тоа е нормално. Меѓутоа, ако
апаратот испушта мирис на изгорено дури и по
отстранувањето на филтерот, контактирајте со
продавачот на производи од Philips или со овластен
сервисен центар на Philips. Филтерот може да испушта
мирис по одреден период на користење поради
апсорбирањето на внатрешните гасови. Ви
препорачуваме повторно да го активирате филтерот така
што ќе го ставите на директна сончева светлина за
повеќекратно користење. Заменете ги филтрите ако сè
уште испуштаат непријатен мирис.
Апаратот е многу гласен. Тоа е нормално ако апаратот работи во Турбо режимот.

Table of Contents

Related product manuals