563
Македонски
Кога квалитетот на воздухот е слаб, апаратот ќе работи со
голема брзина и ќе биде погласен. Кога го користите
апаратот во спална соба навечер, изберете ја брзината
Мирување.
Ако се слуша необичен звук, контактирајте со центарот за
корисничка поддршка во вашата земја.
Апаратот сè уште покажува дека треба да
го заменам филтерот, но јас веќе го
сторив тоа.
Можеби не сте го ресетирале бројачот за траење на
филтерот. Вклучете го апаратот. Потоа допрете и
задржете на и истовремено во траење од 3секунди.
На екранот се прикажува код на грешка
„E1“.
Моторот е неисправен. Контактирајте со центарот за
корисничка поддршка во вашата земја.
Поставувањето на Wi-Fi е неуспешно. Проверете дали вашиот телефон е поврзан на Wi-Fi-
мрежа од 2,4 GHz (домашна) наместо Wi-Fi-мрежа од 5
GHz или јавна Wi-Fi-мрежа. За успешно впарување,
препорачуваме да ги исклучите мобилните податоци
пред да започнете со впарувањето.
Овозможете ги следните дозволи: „Локација“,
„Меморија“, „Bluetooth“ и „Локална мрежа“ на вашиот
паметен телефон. По успешно поставување на Wi-Fi,
можете да ги промените поставките за дозволи по желба.
Проверете дали сте ја внеле точната лозинка за Wi-Fi.
Лозинката разликува големи и мали букви и има граница
од 63 знаци. Не се прифаќаат специјални симболи.
Проверете дали името на мрежата на вашата домашна
Wi-Fi-мрежа е точно. Името на мрежата разликува големи
и мали букви.
Ако користите VPN на вашиот паметен телефон,
исклучете го пред да започнете со впарување.
Ако вашиот рутер има овластена листа што е поставена
за да го блокира впарувањето, оневозможете ја
овластената листа за поврзувањето да биде успешно.
Проверете дали вашиот уред и паметен телефон се
наоѓаат на растојание до 10 метри од рутерот.
Проверете дали апликацијата е ажурирана до најновата
верзија.
За да гарантирате силна Wi-Fi-врска, не ставајте го уредот
покрај други електронски уреди, извори на силна
светлина или сигнални станици кои може да
предизвикаат пречки. Ако имате проблеми со
поврзувањето, отстранете го уредот од овие извори и
обидете се повторно да го поврзете со Wi-Fi-мрежата.
Погледнете го делот за помош во апликацијата за
опширни и најнови совети за решавање проблеми.