471
Македонски
- Не полнете го производот надвор или во близина
на загреани површини.
- Немојте да чистите ниту еден дел од производот
во машината за миење садови.
- Овој уред е дизајниран само за чистење заби,
непца и јазик.
- Престанете да го користите апаратот и советувајте
се со забар/лекар ако настане претерано
крвавење по користењето, ако крвавењето
продолжи да се појавува по 1 седмица од
користењето или ако почувствувате непријатност
или болка.
- Ако сте имале орална хируршка интервенција или
операција на непцата во претходните 2 месеци,
советувајте се со стоматологот пред да го
користите уредов.
- Ако имате пејсмејкер или друг имплантиран уред,
контактирајте со докторот или со производителот
на имплантираниот уред пред употребата.
- Ако имате прашања од медицинска гледна точка,
консултирајте се со доктор пред да го користите
уредов.
- Уредов е уред за лична нега и не е наменет за
користење на повеќе пациенти во стоматолошка
ординација или институција.
- Престанете да ја користите главата на четката со
згмечени или извиткани влакна. Менувајте ја
главата на четката на секои 3 месеци или порано
ако се појават знаци на абење.
- Ако пастата за заби содржи пероксид, сода
бикарбона или бикарбонат (вообичаено за
пастите за белење заби), темелно чистете ја
четката со сапун и вода по секоја употреба. Ова
спречува можно напукнување на пластиката.
- Избегнувајте директен контакт со производи што
содржат есенцијални масла или кокосово масло.
Контактот може да доведе до вадење на влакната.
- Полнете го, користете го и чувајте го производот
на температура помеѓу 32 °F / 0°C и 104 °F / 40°C.