480
Македонски
Активирање или деактивирање на функциите
Можете да ги активирате или деактивирате следниве
функции на вашата четка за заби:
- EasyStart
- Потсетник за замена на глава на четка
- Сензор за притисок
За да ги активирате или деактивирате овие функции,
следете ги упатствата подолу:
EasyStart
1
Ставете ја рачката на приклучениот полнач.
2
Притиснете и држете го копчето за
вклучување/исклучување додека рачката останува
на полначот.
3
Држете го копчето за вклучување/исклучување
притиснато сѐ додека не слушнете единечен
краток звучен сигнал (по 3 секунди).
4
Пуштете го копчето за вклучување/исклучување.
- Тројниот тон на ниско-средно-високо значи дека
функцијата EasyStart е активирана.
Индикаторското светло за нивото на батеријата
исто така ќе трепка зелено 2 пати за да се потврди
активирањето.
- Тројниот тон на високо-средно-ниско значи дека
функцијата EasyStart е деактивирана.
Индикаторското светло за нивото на батеријата ќе
трепне еднаш во портокалова боја за да го
потврди деактивирањето.
Забелешка: За да се постигне клиничка ефикасност,
EasyStart треба да се деактивира.
Потсетник за замена на глава на четка
Забелешка: Можете да го активирате или
деактивирате потсетникот за замена на главата на
четката за заби кога на рачката се наоѓа паметна
глава на четка за заби.
Забелешка: Новите паметни глави на четките за заби
доаѓаат со активирана функција за потсетник за
замена на главата на четката за заби.
1
Ставете ја рачката на приклучениот полнач.